11.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Поткуп од 2.000 евра, казна од 10 месеци: службеничка во ИПАРД-скандалот избегнува затвор

Обвинета службеничка во случајот со злоупотреба на ИПАРД-средства, Јасмина Костадинова, е осудена на 10 месеци затвор откако признала дека примила поткуп од 2.000 евра за манипулација со ранг-листа за доделување финансиска поддршка.

Во изречената казна е вклучен и периодот поминат во куќен притвор од ноември минатата година, што значи дека таа ќе треба да издржи уште околу три месеци затворска казна. Сепак, мерката притвор ќе ѝ биде продолжена до правосилноста на пресудата, што практично значи дека нема да оди во затвор.

Костадинова е осудена за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, за кое законската казна се движи од една до 10 години затвор.

Првообвинет во случајот е Џевдет Насуфи, поранешен министер и управител на фирмата „Сигнас-Арго“, кој се товари за давање поткуп и за давање награда за противзаконито влијание. Меѓу обвинетите е и Илија Стоилев, поранешен директор на Агенцијата за финансиска поддршка, кој е осомничен за примање мито.

Според обвинителството, Стоилев бил фатен со 50.000 евра, а случајот предизвикал последици и во односите со европските институции, при што Европската комисија привремено стопирала средства во износ од 2,9 милиони евра.

Обвинителството наведува дека управителот на правното лице аплицирал за средства преку ИПАРД-програмата, иако не ги исполнувал условите, по што преку ветување и давање поткуп се обидел да обезбеди повисоко рангирање и одобрување на финансиската поддршка.

Во постапката, како што се додава, биле вклучени и други службени лица кои, спротивно на службените обврски, овозможиле незаконско одобрување на апликацијата.

Related posts

ВУЧИЌ ПРЕД СРЕДБАТА СО КУРТИ – НЕ ПЛАНИРАМ НИШТО ДА ПОТПИШАМ

ninja

10.000 амандмани против изборните измени: СДСМ и Левица под удар на ВМРО-ДПМНЕ

admin

Мицкоски се сретна со Јован Костадинов, младиот херој од пожарот во Кочани

admin

Потреси и незадоволства во историската комисија со Бугарија

admin

ЕСКОБАР: ВЛАДАТА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ДОБАР ПАРТНЕР ВО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЕУ АГЕНДАТА

ninja

Букефал исчезна, но избувна нов спор: ДУИ бара албански јазик на билбордите

admin