Министерството за одбрана на САД планира да повлече околу 5.000 војници од Германија, во услови на ескалација на политичкиот судир меѓу американскиот претседател и германскиот канцелар околу војната со Иран.
Одлуката следува еден ден откако Мерц оцени дека САД биле „понижени“ од иранските преговарачи, што предизвика остар одговор од Трамп.
Портпаролот на Пентагон, , соопшти дека наредбата дошла од министерот за одбрана , по „сеопфатен преглед на военото присуство во Европа“. Повлекувањето се очекува да трае од шест до дванаесет месеци.
Германија е клучна база за американските сили во Европа, со повеќе од 36.000 војници распоредени низ земјата. Најголемиот дел се стационирани во базата .
Германскиот министер за одбрана изјави дека американското воено присуство „е во интерес и на Европа и на САД“, но додаде дека ваквиот потег бил „предвидлив“.
Трамп, кој долго време го критикува , ги напаѓа сојузниците поради нивното одбивање да учествуваат во операции за повторно отворање на Ормутскиот теснец. Тој најави дека размислува за повлекување на трупи и од Италија и Шпанија, обвинувајќи ги дека „не помогнале“ во конфликтот со Иран.
Мерц, пак, претходно изјави дека „Американците очигледно немаат стратегија“ и дека Иран вешто избегнува суштински преговори, оценувајќи дека „целата нација е понижена“ од иранското раководство.
Во одговор, Трамп на својата платформа Truth Social го обвини Мерц дека „не знае за што зборува“ и дека Германија „се справува лошо и економски и во други области“.
САД имаат околу 12.000 војници во Италија и 10.000 во Велика Британија, додека најголемото американско воено присуство надвор од земјата е во Јапонија.
Претходен обид на Трамп од 2020 година за повлекување на 12.000 војници од Германија беше блокиран од Конгресот и подоцна поништен од администрацијата на .
Во меѓувреме, Германија значително го зголеми воениот буџет и се очекува да достигне 3,1% од БДП во наредните години, надминувајќи ја целта на НАТО од 2%.

