21 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

СДСМ со жесток напад: „Мицкоски му наредува на обвинителот и на празник“

СДСМ денеска обвини дека премиерот Христијан Мицкоски продолжува јавно да влијае врз работата на обвинителството и на јавниот обвинител Ненад Савески, кого во соопштението повторно го нарекуваат „Ало Савески“.

Од опозициската партија велат дека Мицкоски „врти-сучи постојано му диктира задачи“ на јавниот обвинител, обвинувајќи го дека тоа го прави преку јавни настапи, собраниски говори и медиумски изјави.

„Како што му диктираше насоки по телефон, како што му делеше задачи од собраниската говорница и од телевизија, сега нова наредба од Мицкоски до Ало Савески – на празник“, наведуваат од СДСМ.

Партијата реагира на изјавите на премиерот дека „трпението е при крај“ во однос на работата на правосудните институции.

Според СДСМ, овие изјави се доказ дека судството и обвинителството се ставени „под целосна контрола на Мицкоски и неговата организирана криминална група“.

„Затоа нема правда во Македонија, затоа нема реформи и затоа сме заглавени со блокиран европски пат“, се наведува во реакцијата.

Од СДСМ тврдат дека Владата не сака независно судство и Европско јавно обвинителство, бидејќи тоа би значело „крај на заштитата на криминалците на власт“.

Партијата оценува дека Ненад Савески, откако бил избран на функцијата, работел по нарачки на премиерот.

„Мицкоски дава наредби – Савески исполнува“, наведуваат од СДСМ.

Во соопштението се бара јавниот обвинител Ненад Савески да поднесе оставка.

„После овие скандалозни изјави и признанија на Мицкоски, најмалку што може да направи Савески е да си даде оставка уште денеска“, порачаа од СДСМ.

Related posts

Русија го губи енергетскиот пазар, Германија потпишува 20 годишен договор за снабдување со течен гас од САД

admin

Трамп објасни: „Јас сум шефот“ не беше закана, туку шега

admin

ДКСК со иницијатива да се укине “балснсерот”

admin

Капетановиќ: Граѓаните на Западен Балкан не бараат чуда, туку резултати

admin

„Кога постираат насмеани фотографии – тогаш се најмногу скарани“: Што се случува со ВЛЕН?

admin

Дизајнерката Кејти Пери доби спор против поп-ѕвездата Кети Пери

admin