28.2 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
СТАВ

Стратешкото лидерство клучно за раст и развој

Пишува: Ристе Костовски

Во овој труд се анализира улогата на стратешкото лидерство во растот и развојот на организациите. Имено, стратешкото лидерство во основа претставува процес на насочување на вработените кон остварување на долгорочните цели. Покрај поставените плански и програмски документи, за нивно имплементирање неопходно е постоење на лидерство кое ќе ги канализира ресурсите во насока на остварување на долгорочните цели.

Во продолжение ќе бидат наведени наоди од емпириски истражувања со цел фундирање на забелешките од текстот за важноста на стратешкото лидерство во организациите.

Lumumba (2021) во неговиот труд упатува на констатацијата дека стратешката ориентација на фирмите е важна за процесите на одлучување и профитот на компаниите. Имено, оваа димензија е важна бидејќи, теоретски, од поставената стратешка ориентација понатаму се деривираат и останатите планови и програми.

Gupta (2018) го нагласува значењето на стратешкото лидерство за одржливоста на фирмите. Стратешкиот фокус е важен за антиципирање на ризици кои произлегуваат од интерното и екстерното окружување. Антиципирањето на ризиците и доброто управување со промените овозможуваат поголема отпорност на организацијата на шокови.

Afandi (2017) во неговото истражување наведува дека стратешкото лидерство може да се поврзе и со процесите на дигитална трансформација. Имено, стратешкото лидерство, доколку се опсервира како инструмент за постигнување на долгорочните цели, меѓу кои за долгорочен развој треба да биде и дигитализацијата, овозможува побрзо одвивање на трансформациските процеси.

Maziti et al. (2018) истакнуваат дека стратешкото лидерство е важно за конкурентноста и иновативниот потенцијал. Имено, стратешкото лидерство иницира промени кои, пак, треба да се канализираат кон подобрување на севкупната клима во организацијата, што би довело до подобра конкурентска позиција.

Related posts

Бугарија ја загуби битката за Македонија

admin

Апсурдните претензии на Скопје и неосвестената историска мисија на Бугарија

admin

Индекс на политички интегритет: Случај на в.д. претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска

admin

Индекс на политички интегритет: Случај – Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи

admin

ПРЕДИЗБОРНО: Максило-фацијална експресија

admin

ДУПови

admin