31.4 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
АНАЛИЗАСТАВ

Фокус на младинскиот развој во Македонија

Пишува: Ристе Костовски

Еден од главните постулати на развојната политика на секоја влада треба да биде развојот на младите. Оваа цел е од круцијално значење за стабилизирање на демографските текови и подобрување на конјунктурата на пазарот на труд.

Најпрво, потребно е стабилизирање на очекувањата на младите. За таа цел, неопходно е зголемување на капиталните инвестиции за потребите на младите, како и на небуџетските средства за поддршка на организациите за млади.

Прудентното и ефикасно управување со буџетите е потребно за јакнење на капацитетите на општините за соработка со младинските организации. Во тој контекст, со цел зголемување на задоволството кај младите, важен е фокусот кон поголема и поефикасна достапност на услугите наменети за млади. На овој начин ќе се зголеми мотивот за младински активизам и желбата за вклучување на младите во процесите на донесување одлуки.

За сето ова, неопходно е да се подобрат процесите на планирање на самите младински политики и стратегии, како и континуитетот во имплементацијата на истите. Ова е потребно со цел ефикасноста и ефективноста да бидат поголеми, како и за позитивно влијание врз довербата на младите во креираните политики, што, пак, е клучно за зголемување на задоволството кај младите.

Related posts

Балканските фрустрации за „европските брзини“

admin

Со DeepSeek, Кина иновира, а САД имитира

admin

Има ли воз за Кочани?

admin

План за раст на Западен Балкан и побрза интеграција во ЕУ

admin

Разумна изјава за името на идниот премиер

admin

Данокот за донациите побрз од правдата за Кочани

admin