36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
СТАВ

Индекс на политички интегритет: Случај – Државна комисија за спречување на корупција

Индекс на политички интегритет [1]

Случај #3 – Државна комисија за спречување на корупција

Вовед:

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е клучен институционален столб во системот на спречување и контрола на корупцијата и судирот на интереси во Република Северна Македонија. Како тело со законски мандат за надзор над јавните функционери и транспарентноста во нивното работење, интегритетот и непристрасноста на самата ДКСК се предуслов за доверба на граѓаните и овозможување на функционално владеење на правото.

За кус период од само 6 месеци, во јавноста се појавија сериозни контроверзии околу работењето на ДКСК и нејзините членови, што кулминираше со две оставки: на претседателката Татјана Димитровска, по обвинителни акти поднесени од Обвинителството, и на членката на ДКСК Цвета Ристовска, по недели јавни сомнежи за можен судир на интереси и неспроведување на обврските за пријавување на имот.

Оценување на политичкиот интегритет: категорија ЦРН ПЕЧАТ со негативна вредност од –10

Според индикаторите од методологијата, во овој случај постојат повеќе елементи кои укажуваат на сериозно нарушување на интегритетот на институцијата: длабока ерозија на довербата; целосна изложеност, сериозни последици, морална оставка, нарушување на јавниот интерес.

Категорија: Штитење на јавниот интерес

Клучни аргументи:

  1. Оставка на претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска
     – Претседателката на Комисијата поднесе оставка откако Обвинителството за гонење организиран криминал поднесе обвинение против неа за две кривични дела – оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Ова обвинение предизвика јавни контроверзии околу способноста на Комисијата да продолжи да носи одлуки без сенка на сомнеж за легалност, легитимност и транспарентност во нејзиното работење..
  2. Оставка на членката Цвета Ристовска
     – По недели на јавни сомнежи и полемики поврзани со нејзиното работење, Ристовска поднесе неотповиклива оставка од функцијата членка на ДКСК, откако самата ДКСК отвори предмети за изнесените сомнежи. Предметите отворени против неа се однесуваа на судир на интереси и непријавување на имот/фирми – конкретно, фирма на еден од нејзините синови што добивала средства од кампањи на партиите за изборно рекламирање, како и непријавување на фирми во анкетниот лист.
  3. Повеќекратни индикатори за слабости на интегритетот на ДКСК
     – Двете оставки се истовремено резултат на надворешен јавен притисок поради внатрешни институционални слабости, што укажува на нарушена функција на телото кое треба да ја гарантира непристрасноста кон носителите на јавни функции. Јавните реакции и критики укажуваат на перцепција дека ДКСК може да фаворизира одредени субјекти или да не реагира ефикасно при проверка на свои членови, што го нарушува кредибилитетот на институцијата.

Препорака во насока на заштита на интегритетот:

За обновување на довербата во ДКСК и зајакнување на нејзиниот интегритет:

  1. Да отвори јавна расправа за измена на постапката за избор и верификација на членови на Комисијата во која ќе дозволи зајакнување и транспарентност на условите за избор на членовите, со посебен фокус на избегнување на судир на интереси.
  2. Јасни механизми за контрола на членовите на ДКСК но и на вработените во самата институција, вклучително и зајакнување на постапката за проверка на целосно пријавување на имот/деловни интереси на членови на нивните семејства.
  3. Дополнително воведување на законски механизми за суспензија или истрага на членови на ДКСК веднаш по пријавување на сомнежи за прекршување на законски обврски.
  4. Дополнување на Етичкиот кодекс на ДКСК со член кој наложува задолжителна зголемена транспарентност на истраги и предмети поврзани со членови на ДКСК и подразбира јавен отчет (објава) на резултатите од овие проверки во рок од 24 часа после нивното завршување.
  5. Следење на сопствениот Концепт за интегритет објавен на веб страната на Комисијата, но и предвидување на редовно мерење на јавното мислење за работата на Комисијата како и други активности кои ќе воспостават систем на проверки и баланс, а ќе бидат насочени кон враќање на довербата на граѓаните во ДКСК.

Институции кои се наменети да го бранат владеењето на правото и со законски мандат за надзор над јавните функционери и политичките партии особено во делот на судир на интереси, мора да водат со пример и овие начела да ги применуваат пред се врз своите членови. Тие мора да бидат целосно транспарентни, непристрасни и подложни на јасни механизми за отчетност. Оставките на Татјана Димитровска и на Цвета Ристовска, како резултат на обвиненија, сомнежи и јавен притисок, укажуваат на сериозни предизвици со интегритетот на ДКСК, и тие имаат директно влијание врз довербата на јавноста во процесите на спречување на корупција.

Документот е подготвен од Форум за разумни политики (ФРП) како дел од нашата долгорочна работа на развој и одржување на Индексот за политички интегритет. Анализата се темели на јавно достапни податоци во медиумите и утврдени критериуми на индексот.

[1] Методологија на „Индекс на политички интегритет“

 

Related posts

Ајде малку да ја разбиеме маглата и да ги разобличиме намерите

admin

Само вистината ќе ни’ прости

admin

#NotATarget

admin

Европската перспектива ќе се гради низ предизвици и храбри одлуки

admin

Гостиварската епидемија: што знаеме, што не знаеме и што можеме да научиме

admin

За двојните стандарди и советот на Албин Курти

admin