10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Што договорија Мицкоски и српскиот премиер во Нови Сад?

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Нови Сад се сретна со српскиот премиер Ѓуро Мацут, при што двајцата разговарале за унапредување на билатералната соработка, регионалната стабилност и можностите за продлабочување на економските и институционалните врски меѓу двете земји.

Средбата се одржа во рамки на посетата на Мицкоски на Србија, каде присуствува на свечената академија по повод 80 години од преселувањето на Македонците во Војводина.

Според објавата на Мицкоски на социјалните мрежи, разговорите поминале во „пријателска и конструктивна атмосфера“, при што биле разменети мислења за актуелните предизвици во регионот и заедничките приоритети на двете влади.

Посебен акцент бил ставен на регионалната поврзаност, привлекувањето инвестиции и соработката во области од заемен интерес.

„Ја потврдивме подготвеноста за понатамошно развивање на добрососедските односи и заедничка работа во насока на просперитет, стабилност и подобра иднина за граѓаните на двете држави“, напиша Мицкоски.

Претходно, во Нови Сад беше одржана свечена академија по повод 80-годишнината од преселувањето на Македонците во Војводина. На настанот се обратија Мицкоски, српскиот премиер Мацут, претседателката на Владата на Војводина Маја Гојковиќ и претседателката на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија, Зорица Митровиќ.

Неколку дена пред одбележувањето, Мацут во Белград се сретна со Митровиќ, при што разговараа за положбата на македонското национално малцинство во Србија. Тогаш српскиот премиер оцени дека Србија и Северна Македонија се пријателски земји посветени на соработка, меѓусебно почитување и заеднички развој.

Related posts

„Не ги оставајте работниците на сонце“ – ССМ со апел и повик за пријавување прекршувања

admin

Мицкоски ја разгледува можноста за данок за немажени – јавноста со остри реакции

admin

Дали Спасовски ќе се кандидира за претседател?

admin

Кина го фаќа чекорот со САД: Бесплатен модел ја вознемири Силиконската долина

admin

КАКО НА ДРИСЛА Ѝ БИЛО ДОЗВОЛЕНО ДА ИЗГОРИ ИЛЈАДНИЦИ КИЛОГРАМИ ОПАСЕН ОТПАД?

ninja

Интерпелација, ребаланс и реконструкција: Три политички битки за само неколку дена

admin