9.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Сиљановска-Давкова од Словенија: Билатералните спорови не смеат да ја блокираат Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави во Љубљана дека Северна Македонија не бара привилегии во евроинтегративниот процес, туку доследна примена на европското право и еднаков третман како и останатите земји кандидати.

За време на официјалната посета на Словенија, таа порача дека билатерализацијата на процесот на проширување не смее да биде пречка за интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија.

Сиљановска-Давкова оцени дека интеграцијата на регионот не е само политичко, туку и безбедносно прашање, предупредувајќи дека долготрајните блокади создаваат простор за странски влијанија.

„Не постои европска држава која се соочува со ваков тип условувања“, изјави таа, алудирајќи на спорот со Бугарија и барањата поврзани со уставните измени.

Во Љубљана, претседателката се сретна со словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар и со претставници на словенечкиот државен врв.

Таа ја оцени Словенија како еден од најдоследните поддржувачи на македонските евроинтеграции.

Во фокусот на разговорите биле билатералните односи, европската интеграција, регионалната стабилност и економската соработка.

Сиљановска-Давкова посочи дека постојат значителни можности за соработка во земјоделството, обновливите извори на енергија, дигитализацијата и туризмот.

Во рамки на посетата, таа присуствуваше и на литургија во црквата „Св. Климент Охридски“ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија во Љубљана, каде се сретна со претставници на македонската дијаспора во Словенија.

 

Related posts

Војната со Иран станува сè поскапа: Пентагон бара уште 87 милијарди долари

admin

„Сè е театар со познати глумци“ – СДСМ со најостра реторика против Мицкоски

admin

РЕВИЗОРИТЕ УТВРДИЈА НИЗА СЛАБОСТИ ВО РАБОТЕЊЕТО НА ФЗО

ninja

Трета републиканска претседателска дебата, Трамп доминира

admin

СТОЛТЕНБЕРГ: Ова е најопасниот момент во европската безбедност за една генерација

admin

Кој му забрани на Курти да води кампања со ВЛЕН во дијаспората?

admin