18.6 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

„Министер или инфлуенсер?“ – СДСМ го нападна Арбен Фетаи по фотографиите од Тајланд

Опозициската СДСМ на седницата за пратенички прашања побара одговори од Владата за отсуството на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, обвинувајќи го дека со месеци не се појавува на работа, додека на социјалните мрежи објавува фотографии од патувања во странство, вклучително и од Тајланд.

Пратеничката Даниела Николова побара од потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски да обезбеди присуство на Фетаи на седницата, оценувајќи дека функционер задолжен за добро владеење станал „симбол на неодговорност“.

„Ако работник не се појави на работа ќе добие отказ. Ако административец не оди на работа ќе го изгуби работното место. Но, за вицепремиер изгледа сè е дозволено“, рече Николова.

Милошоски одговори дека нема известување дали Фетаи ќе присуствува и предложи прашањето да биде доставено писмено.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, изјави дека Владата ги одбивала опозициските предлози за финансиска помош за граѓаните со образложение дека нема пари, додека, според него, Фетаи трошел државни средства за патувања.

„Ова е крајно ниско однесување за еден вицепремиер“, рече Спасовски.

Од Владата за медиумите изјавија дека не водат детална евиденција за приватните и работните распореди на министрите надвор од формалните институционални обврски.

Во писмен одговор, владината прес-служба наведе дека секој носител на јавна функција има лична одговорност пред јавноста и дека Владата функционира непречено и со полн институционален капацитет.

Во одговорот се потврдува и дека Фетаи ќе биде опфатен со најавената реконструкција на Владата.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно најави реконструкција на владата во јуни, без да прецизира кои министри ќе бидат заменети.

Расправата во Собранието се прошири и на европската агенда, реформите поврзани со ЕУ, протестите на албанските студенти за полагање на правосудниот испит на албански јазик, како и прашања од социјалната сфера, правата на работниците, казината и новиот европски систем за влез и излез на грчката граница.

Related posts

БОЖЕМ „ПОЛИТИЧКИ ПРОГОНЕТИОТ“ МАНЧЕВСКИ САМИОТ ПРОГОНУВА МАКЕДОНСКИ ФИЛМАЏИИ?! Главната улога во филмот „Држете го крадецот“ ја игра Бисера Костадиновска Стојчевска

admin

Како Путин ги задржа руските милијардери на своја страна за време на војната

admin

Зошто големите корупциски случаи остануваат без судски епилог?

admin

Зошто Европа нема клима-уреди и дали тоа чини животи?

admin

Русија го освои градот Херсон по една недела од инвазијата на Украина

ninja

Еурактив: Односите Софија-Скопје се влошуваат

admin