33.5 C
Скопје
29 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Влада 2.0: Кои се победниците, а кои губитниците во најавената реконструкција?

Владината реконструкција влегува во завршна фаза, а официјалните одлуки за новиот состав на кабинетот се очекува да бидат соопштени во вторник вечер, по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека со коалициските партнери е постигнат принципиелен договор за распределбата на ресорите, но одби да открие конкретни имиња и министерства пред завршувањето на партиските консултации.

„Не сме разговарале за персонални решенија, за имиња. Принципиелно имаме договор околу ресорите. Почекајте до утре, околу 20 часот, кога јавноста ќе биде подетално запознаена“, изјави Мицкоски.

Според информациите што циркулираат во јавноста, реконструкцијата ќе опфати повеќе ресори, при што дел од министерствата ќе бидат прераспределени меѓу коалициските партнери. Вицепремиерот Беким Сали претходно најави дека коалицијата ВЛЕН во иднина ќе раководи со шест министерства, вклучително и ресорите правда, култура и односи меѓу заедниците.

Меѓу министрите чие заминување се споменува се Фатмир Лимани, Азир Алиу, Игор Филков, Зоран Љутков, Весна Јаневска и Иван Стоиљковиќ.

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, кој се очекува да ја напушти функцијата, изјави дека политичките позиции не се трајни и дека најважно е да се создадат услови за младите генерации.

„Не е важна позицијата на Фатмир Лимани. Поважно е дали ќе создадеме простор за младите. Кога си заминав од ДУИ, некои мислеа дека ќе исчезнам, но јас се преродив“, рече Лимани.

Опозициските партии ја критикуваат најавената реконструкција, оценувајќи дека таа нема да донесе суштински промени во владеењето.

Од СДСМ сметаат дека промените во владиниот кабинет нема да резултираат со подобрување на животниот стандард на граѓаните, додека од ДУИ оценуваат дека реконструкцијата претставува продолжување на политиките кои, според нив, не ја рефлектираат волјата на албанските гласачи.

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, изјави дека не е важно кои министри ќе бидат именувани или разрешени, бидејќи, според него, тие ќе ја спроведуваат истата политичка агенда.

„Каква и да е распределбата, тие ќе бидат во функција на програмската определба на оваа влада. Бидејќи ја немаат волјата на Албанците, секое именување ќе биде волја на премиерот и на македонската политичка партија во Владата“, изјави Османи.

Според досегашните најави, реконструкцијата треба да ја редефинира распределбата на ресорите меѓу владините партнери, додека конечниот состав на новиот владин кабинет ќе биде познат по состанокот на највисоките партиски тела на ВМРО-ДПМНЕ.

Related posts

Европратеници бараат Русија да не учествува на Венециското биенале

admin

Кој е илинденскиот идеал на денешната генерација?

admin

Полицаец под истрага, син му обвинет за насилство и лажно претставување

admin

Отворањето на Уставот како одење по жица

ninja

Форум за безбедност во Вашингтон: Гаши зборува за НАТО, Османи алармира за непочитување на стратешките договори

admin

Денеска се распишуваат локалните избори: Еве што треба да знаете

admin