19.2 C
Скопје
8 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

„Европа да ги отвори очите“ – жестоки реакции по нападот врз бугарската амбасада во Скопје

Неколку организации на Бугарите во Северна Македонија го осудија палењето на две возила во сопственост на Бугарската амбасада во Скопје, оценувајќи дека инцидентот е последица на, како што велат, долгогодишна антибугарска реторика во земјата.

Инцидентот се случи во понеделникот пред дипломатската мисија на Бугарија во Скопје, а македонските власти соопштија дека преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителот.

Љупчо Георгиевски, претседател на поранешниот бугарски културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола, во реакција објавена од бугарски медиуми оцени дека нападот е резултат на „години поттикнување антибугарска омраза“ и побара брзо откривање и казнување на сторителите.

Поинаква порака упати Добре Митрев од здружението „Балкански коридор“ од Кавадарци, кој повика на смиреност и доверба во институциите.

„Да им веруваме на институциите дека ќе го пронајдат виновникот. Да не долеваме масло на огнот“, напиша тој на социјалните мрежи.

Христијан Пендиков, поранешен секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, соопшти дека нападот не треба да се третира како изолиран инцидент и повика институциите да обезбедат еднаква заштита на правата на сите граѓани, без оглед на нивната национална припадност.

Слични реакции упатија и други бугарски организации во земјата, кои побараа темелна истрага и одговорност за сторителите.

Во Бугарија, потпретседателката Илијана Јотова изјави дека палењето на дипломатските возила го смета за „посегнување врз Бугарија“ и повика случајот целосно да се расчисти.

Инцидентот се случува во период на зголемени политички тензии меѓу Софија и Скопје околу европската интеграција на Северна Македонија и спроведувањето на обврските поврзани со Договорот за добрососедство и преговарачката рамка со Европската унија.

Македонското Министерство за надворешни работи претходно го осуди палењето на возилата, оценувајќи го како сериозен и неприфатлив чин, додека Министерството за внатрешни работи соопшти дека работи на утврдување на сите околности поврзани со случајот.

Related posts

По бунтот на Вагнер, Кремљ во офанзива за одбрана на имиџот на Путин

admin

Франција остро му возврати на Руте: Европа може да се брани и без САД

admin

Европските хоризонти не се гледаат без вложувања во науката

admin

Меркел со директна порака до Европа: Не му ја оставајте Украина само на Трамп

admin

Платформата на Државна лотарија останува единствена опција за онлајн коцкање

admin

Тројца загинати во наводно убиство и самоубиство во Прилеп

admin