9.8 C
Скопје
9 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

„И јас ќе станам ветеран“: Ахмети откри дека се повлекува од лидерската позиција

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, најави дека во иднина ќе се повлече од претседателската функција во партијата и ќе се приклучи на редовите на партиските ветерани.

Говорејќи на Изборното собрание на ДУИ во Куманово, Ахмети рече дека партијата спровела длабоки кадровски промени, при што се сменети 83 проценти од централното раководство и 73 проценти од раководството на огранокот во Куманово.

„Сите што ја основаа ОНА и ДУИ денес се наредуваат зад 73 проценти млади момчиња и девојки. Нашата мисија отсекогаш била да изградиме нови генерации“, рече Ахмети.

Тој посочи дека поранешните функционери постепено ќе добиваат улога во Комитетот на ветерани, споменувајќи го и поранешниот министер Садула Дураку.

„По тебе доаѓам јас. Нема вечно да останам претседател на партијата. И јас сакам да застанам меѓу ветераните и членовите на ДУИ да видат како се бори еден ветеран“, изјави Ахмети.

Од 2024 година, од кога замина во опозиција по дводецениско учество во власта, ДУИ спроведува внатрепартиска реорганизација и промовира помлади кадри на раководни позиции, во обид за политичко и генерациско обновување на партијата.

Related posts

Струјата може да поскапи 13 проценти

admin

МОН ја прифаќа иницијативата од проектот „Застапување за инклузивен развој“: Воведува регистар на стипендисти

admin

Мицкоски: Ние не ветуваме празно, туку градиме

admin

Кина гледа „зрак надеж“ за мир додека борбите меѓу Иран и Израел продолжуваат

admin

Сиљановска-Давкова: Идентитетот не смее да биде услов за членство во ЕУ

admin

Тетовска фирма на вработен во Министерството за транспорт изработува ДУП-ови

admin