18.1 C
Скопје
5 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Меџити и Касами слават: 200 милиони евра за автопатот што ќе ги спои Скопје и Приштина

Лидерите на коалицијата ВЛЕН, и , го поздравија почетокот на реализацијата на автопатот Скопје-Блаце, оценувајќи дека проектот ќе ја доближи Северна Македонија до Косово и ќе придонесе за економски развој и подобра регионална поврзаност.

Мехити соопшти дека за делницата Скопје-Блаце-Приштина се обезбедени 200 милиони евра, нагласувајќи дека проектот претставува исполнување на дадените ветувања.

„Ова е разликата меѓу зборовите и делата. Инвестираме во поразвиена држава, посилна економија и поблиски врски меѓу нашите земји. Градиме километри патишта затоа што така ги доближуваме луѓето, создаваме можности и отвораме нови хоризонти за идните генерации“, напиша Мехити.

Касами соопшти дека се завршени сите административни процедури и дека е отворен патот за почеток на градежните активности на автопатот.

„Скопје и Приштина денес се поблиску од кога било. Времето на празна демагогија заврши. Албанците живеат епоха на работа, проекти и развој“, порача Касами.

Претходно денеска Министерството за транспорт соопшти дека конзорциум предводен од градежната компанија „Гранит“ е избран за изведувач на втората делница од автопатот Скопје-Блаце, долга 10,5 километри, а почетокот на работите се очекува во текот на летото.

Related posts

Мерц: Украина ќе може да гаѓа цели на руска територија

admin

По терористичкиот напад се огласи Путин: Сите ќе ги казниме

admin

Снегот воведе привремени забрани за камиони на патиштата во западна Македонија

admin

Иран започна одмазднички напади против Израел

admin

Ахмети го поздравува Таравари, ВРЕДИ најавува чистка

admin

Мицкоски: Македонија не смее да остане надвор од европските енергетски текови

admin