38 C
Скопје
19 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Велика Британија развива балистички ракети со долг дострел за Украина

Велика Британија започна програма за брз развој на нови балистички ракети со долг дострел за Украина, кои би можеле да погодат цели длабоко зад руските линии, соопшти британското Министерство за одбрана.

Проектот, наречен „Најтфол“ (Nightfall), предвидува развој на копнено лансирани ракети со бојева глава од околу 200 килограми и дострел поголем од 500 километри, се наведува во соопштението. Ракетите се дизајнирани да се истрелуваат во кратки серии и брзо да се повлекуваат од позицијата, со цел да се намали ризикот од руски противудари.

Најавата следува по посетата на британскиот министер за одбрана Џон Хили на Украина, која се совпадна со масовен руски ракетен и дронски напад врз Киев и други градови минатата недела. За време на нападите, Русија употреби и балистичка ракета „Орешник“ во западниот дел на Украина, во близина на границата со Полска.

„Бевме доволно блиску за да ги слушнеме сирените за воздушна опасност додека патувавме кон Киев – сериозен потсетник на постојаните напади врз Украинците“, изјави Хили, додавајќи дека Лондон е решен да ѝ обезбеди на Украина современо оружје за да може да се брани.

Британското министерство соопшти дека производството би достигнало до 10 ракети месечно, со максимална цена од околу 1,07 милиони долари по проектил. Планот е на три индустриски тимови да им се доделат развојни договори во вредност од по 12 милиони долари, со цел првите ракети за тестирање да бидат готови во рок од една година.

„Сигурна Европа бара силна Украина. Овие нови британски ракети со долг дострел ќе ѝ дадат на Русија уште една причина за загриженост“, изјави британскиот министер за набавки во одбраната, Лук Полард.

Киев постојано бара оружје со подолг дострел за да може да погодува руски воени цели и енергетска инфраструктура, со цел да ги зголеми трошоците за Москва од војната и да ја зајакне сопствената одбрана од воздушни напади врз украинската енергетска мрежа.

 

Related posts

Цените на нафтата растат додека Ормускиот теснец останува речиси блокиран и покрај примирјето САД–Иран

admin

Ковачевски – Осуда за одлуката на Русија за признавање на Доњецк и Луганск како самонаречени „Народни републики“

ninja

Унгарскиот премиер Маѓар во Брисел бара деблокада на европските фондови, ЕК останува претпазлива

admin

Сиљановска-Давкова побара „креативно решение“ од фон дер Лајен

admin

Градоначалникот на Струга тужен поради албанско знаме

admin

НА СЕКОЈ СААТ ИМА НОВИ ВОЗДУШНИ НАПАДИ ВРЗ ХЕРСОН, ВЕЛИ ЗЕЛЕНСКИ

ninja