29.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Софија возврати: Нема нота, нема извинување за Скопје

Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека не испратило дипломатска нота ниту друга официјална кореспонденција поврзана со посетата на членови од семејството на македонскиот премиер Христијан Мицкоски на Бугарија.

Реакцијата следува по изјавата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој побара Софија да се извини и да објасни како во јавноста се појавиле информации за патувањето на семејството на премиерот во Пампорово.

Од бугарското МНР наведуваат дека информациите што во последните денови се појавија во јавноста се однесуваат на вербална нота од 6 јануари 2026 година и на настани што, според нив, одамна завршиле.

„Во моментов оваа информација не може да се смета за основа за заклучоци дека постои непосредна опасност за безбедноста на граѓани на Бугарија или на друга држава“, соопшти Министерството.

Оттаму додаваат дека придаваат исклучително значење на заштитата на дипломатската кореспонденција и дека строго ги почитуваат меѓународните правила и практики во оваа област.

Македонската страна претходно побара извинување и објаснување, тврдејќи дека во јавноста била објавена доверлива дипломатска комуникација поврзана со безбедносните аспекти на приватната посета на семејството на премиерот.

Related posts

Филипче му честиташе на Радев, ВМРО-ДПМНЕ го обвини за „додворување“ кон Бугарија

admin

Трамп ја поддржа воената помош за Украина преку НАТО, но „ѓаволот е во деталите“

admin

Расте криминалот во полицијата: 239 вработени во МВР осомничени за само 10 месеци

admin

Мицкоски ветува економски развој, за СДСМ владината програма е манипулативна

admin

Груевски: И Заев и Мицкоски се плашат од моето враќање

admin

Бугарија ризикува да изгуби фондови од ЕУ поради политичките расправии

admin