24.8 C
Скопје
23 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Стевчо Јакимовски оди во затвор: На 2 јули треба да се јави во Шутка

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на 2 јули треба да се јави во Казнено-поправната установа „Скопје“ во Шуто Оризари за издржување на едногодишната затворска казна, откако Основниот кривичен суд Скопје му издаде упатен акт.

Од Кривичниот суд информираа дека судија за извршување на санкции денеска го издал упатниот акт, согласно правосилната пресуда во предметот поврзан со изградбата на општинската зграда во Карпош.

Во затворската казна ќе му биде пресметан и периодот што го поминал во куќен притвор од 19 март до 15 август 2019 година. Со тоа, од вкупната едногодишна казна му остануваат за издржување околу седум месеци.

Апелацискиот суд неодамна ја потврди едногодишната затворска казна за делото бесправно градење, поврзано со изградбата на административната зграда на Општина Карпош.

Истовремено, вториот дел од првостепената пресуда, кој се однесува на злоупотреба на службената положба и овластување, за што Јакимовски беше осуден на три години затвор, е укинат од Апелација и предметот е вратен на повторно судење.

Јакимовски по одлуката на Апелацискиот суд изјави дека пресудата е политички мотивирана и дека има за цел да го спречи неговото евентуално политичко враќање. Тој рече дека се смета за „политички осудено лице“ и најави дека правдата ќе ја бара пред Врховниот суд.

Случајот се однесува на изградбата на општинскиот објект во Карпош, за кој првостепениот суд во април минатата година му изрече вкупна казна од три и пол години затвор. По жалбената постапка, правосилна остана само едногодишната казна за бесправно градење.

Related posts

Геноцид за кој не смее да се молчи

admin

Петрушевски бара одговори: Кој го договарал тендерот од 18 милиони денари?

admin

Апелациониот суд Скопје укина притвор за Асмир Јаховски со гаранција од над 986.000 евра

admin

Мицкоски ги отфрла обвинувањата за пожарите, најавува построги казни

admin

Додека се чека одговорот од Хамас за примирје, Трамп нуди лична гаранција за завршување на војната

admin

Протест во Тетово: одговорност и правда мора да има

admin