33.5 C
Скопје
29 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

„Сè е театар со познати глумци“ – СДСМ со најостра реторика против Мицкоски

СДСМ остро реагираше на обвинувањата од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, оценувајќи дека владејачката партија „панично бара алиби“ за, како што наведуваат, неисполнувањето на обврските од реформската агенда поврзана со европските интеграции.

Во писмена реакција, СДСМ наведува дека Милошоски нема кредибилитет да ја критикува опозицијата и обвинува дека власта не успеала да ги реализира реформите што премиерот Христијан Мицкоски, според нив, ги ветил до 1 јуни.

„Антонио Милошоски денес панично го обвинува СДСМ, сакајќи да создаде алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ, чиј рок веќе истече“, се наведува во реакцијата.

Од опозициската партија тврдат дека власта брза со измените на Изборниот законик поради, како што велат, влошената економска состојба и стравот од губење на поддршката кај граѓаните.

„Тие брзаат да го донесат законот затоа што нема пари во буџетот, економијата е во колапс, а веќе нема пари ниту за пензии. Затоа им се брза на предвремени избори“, тврдат од СДСМ.

Партијата ја критикува и реализацијата на реформската агенда, наведувајќи дека реформскиот закон за Судскиот совет бил вратен на дополнителна доработка.

СДСМ најави дека ќе поднесе амандмани на предложениот Изборен законик, оценувајќи дека тој содржи решенија што, според нив, отвораат простор за злоупотреби и контрола на изборниот процес.

„За да им биде јасно на граѓаните каков е овој предлог на Изборен закон, СДСМ уште денес ќе поднесе амандмани кон текстот“, соопшти партијата.

Реакцијата следува откако претходно пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, обвини дека СДСМ со најавата за блокада на Изборниот законик создава алиби за евентуален пораз на следните избори или за нивен бојкот.

Related posts

СДСМ бара објавување на списокот на патници во владин авион со Мицкоски

admin

ЗНАМ не попушта за правда: Дали спорот го одложи владиниот ремонт на Мицкоски?

admin

Извештај со 120 препораки за европскиот пат на Северна Македонија

admin

Милионскиот профит на банките (инфографик)

admin

Ахмети и Меџити со различни пристапи кон протестот во Приштина за поранешните команданти на ОВК

admin

Пазарите паднаа, нафтата скокна поради ескалацијата околу Ормус

admin