7.8 C
Скопје
24 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Алиу во Куманово: Со 6 милиони денари обновен здравствениот дом во „Тоде Мендол“

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети реновираниот објект на Здравствениот дом Куманово во населбата „Тоде Мендол“, каде што се реализирани инвестиции насочени кон подобрување на условите во примарната здравствена заштита.

Во рамки на проектот, реконструирано е приземјето на објектот на површина од 250 квадратни метри, со инвестиција од пет милиони денари обезбедени од буџетот на Фондот за здравствено осигурување. Дополнително, за уредување на дворот и изградба на паркинг-простор за пациентите инвестирани се уште еден милион денари.

Од Министерството за здравство информираат дека објектот има важна улога во системот на превентивна здравствена заштита, бидејќи служи како центар за спроведување на училишната вакцинација.

Според министерот Алиу, со подобрувањето на просторните и инфраструктурните услови се создаваат предуслови за поквалитетни здравствени услуги, поефикасна организација на работата и подобри услови за престој на децата, родителите и здравствените работници.

Инвестицијата е дел од пошироките активности на Министерството за здравство насочени кон модернизација на примарната здравствена заштита и унапредување на превентивните здравствени услуги во земјата.

Related posts

Македонските политичари му ја честитаа победата на Доналд Трамп

admin

Нови глутници кучиња без маркици се појавија во Карпош, се бара истрага

admin

Сиљановска спремна да се сретне со Жељазков: Дали Брисел турка нова иницијатива за деблокада на евроинтеграциите?

admin

Трамп тврди дека Шпанија попушти, Мадрид возврати: „Не знаеме за што зборува“

admin

Гренланд како црвена линија: Дали Европа конечно ќе му каже „не“ на Трамп?

admin

Што се разговарало на средбата Блинкен-Ковачевски? Ескобар вели дека корупцијата била главна тема

admin