14.8 C
Скопје
9 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

„Македонија е заложник“ – остра порака на Муцунски од Софија

Македонија останува заложник на „некоректна и непринципиелна блокада“ на нејзиниот европски пат, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, повикувајќи ја Бугарија да овозможи почеток на пристапните преговори со Европската Унија.

Говорејќи во Софија за време на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), Муцунски оцени дека актуелниот застој во евроинтеграциите создава политички и економски последици за двете соседни држави.

„Никој нема интерес од ова што се случува во моментот. Губат двете држави економски, политички, губат и граѓаните и народите на двете држави кога се создава ваков тип на недоверба“, изјави Муцунски.

Според него, најдобриот начин за надминување на спорот е отворање на преговарачкиот процес, што би овозможило билатералните прашања да се решаваат во атмосфера на доверба и европска перспектива.

Сепак, министерот нагласи дека постојат теми за кои Владата нема намера да преговара.

„За прашања поврзани со историја, идентитет и јазик, оваа Влада не е подготвена ниту да преговара, ниту да разговара за нив“, рече Муцунски.

Тој додаде дека овие прашања се автохтони и не треба да бидат дел од европскиот процес, кој според него треба да биде насочен кон реформите и заедничката европска иднина.

Осврнувајќи се на политиката на проширување на ЕУ, Муцунски рече дека Унијата отвора нов прозорец за интеграција на Западен Балкан, но оти предност треба да имаат земјите кои ги исполнуваат реформските критериуми и имаат усогласена надворешна и безбедносна политика со Брисел.

„Македонија е пример за држава што ги спроведува реформите и претставува кредибилен и предвидлив партнер“, изјави тој.

Муцунски е дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која учествува на самитот на ПСЈИЕ во бугарската престолнина.

Related posts

СДСМ ќе избира кандидати за локалните избори преку консултации и анкети

admin

Копилот го нападнал капетанот, авионот почнал да паѓа: што се случувало над Блискиот Исток

admin

Заев бара 1 милион оштета од Бране Петрушевски и Жан Митрев

admin

Приведени поранешни и актуелни функционери во проширената истрага за пожарот во Кочани

admin

Поддржувачите на Курти без партија, но на изборни листи во Северна Македонија

admin

Адеми: Дурмиши ја призна неoдговорноста на Бектеши

admin