26.8 C
Скопје
5 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Рокас откри што носи германско-францускиот план: Побрз пат кон ЕУ, но не без уставните измени

Германско-францускиот нон-пејпер за проширувањето претставува обид за поедноставување на процедурите и забрзување на пристапувањето на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас.

Говорејќи за документот што беше тема на Самитот ЕУ–Западен Балкан во Тиват, Рокас рече дека сè уште е рано да се проценува каков ќе биде неговиот конечен исход, бидејќи разговорите меѓу лидерите се уште траат.

„Ова е обид да се поедностават процедурите и да се забрза процесот преку постепено воведување на сите неопходни чекори за пристапување на земјите од Западен Балкан во Европската Унија“, изјави Рокас.

Тој нагласи дека Европската Унија останува силно посветена на отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и повтори дека земјата има јасна европска перспектива.

Повикувајќи се на пораките на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за време на неговата неодамнешна посета на Скопје, Рокас рече дека обврските преземени во 2022 година, вклучително и уставните измени, остануваат дел од процесот што треба да биде исполнет.

„Обврските што беа договорени треба да бидат спроведени како дел од евроинтегративниот процес“, рече Рокас.

Тој изрази надеж дека во наредните месеци ќе има конструктивен пристап од сите страни, додека Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за почеток на преговорите.

Германија и Франција во пресрет на самитот подготвија нон-пејпер насловен „Нов моментум за проширувањето“, кој предлага постепена интеграција на земјите кандидати во одредени политики и придобивки на Европската Унија уште пред полноправното членство.

Во документот се наведува дека целта не е да се замени членството во ЕУ, туку да се создадат дополнителни поттикнувања за побрзо спроведување на реформите и напредок во пристапниот процес.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој во Тиват се сретна со германскиот канцелар Фридрих Мерц, изјави дека процесот на проширување е „жив“ и дека нон-пејперот бил една од темите на разговорите меѓу европските лидери.

Related posts

Продолжуваат неправилностите во болниците, Обвинителството со нов предмет

admin

РСЕ: Синови и блиски на политичари во бизнисот со брзи кредити

admin

Белата куќа ѝ нареди на војската фокус на „карантин“ на венецуелската нафта

admin

Тепиќ: Вучиќ се насмевнуваше додека полицијата ги тепаше граѓаните во Нови Сад

admin

Таравари: Ноќните пазари излегуваат на виделина

admin

ММФ: Над 70 проценти од оние кои ја напуштиле С.Македонија се образовани

admin