14.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Случај „Онкологија“: Васев и Нухи бараат поблаги мерки, обвинителството инсистира на притвор

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, побара укинување на мерката куќен притвор, повикувајќи се на неговата досегашна соработка со надлежните институции и ветување за чесно судење, соопштија неговите адвокати пред Апелациониот суд.

Васев е еден од обвинетите во случајот „Онкологија“, кој се однесува на наводни злоупотреби со скапа терапија и несовесен третман на пациенти.

„Осомничениот од почетокот на истрагата е целосно достапен и активно соработуваше со сите надлежни институции, вклучително и со собраниската анкетна комисија“, изјави адвокатот Никола Ставрев, додавајќи дека Васев бил свесен за тежината на обвиненијата и доколку имал намера да побегне, тоа досега ќе го направел.

Обвинителството, пак, останува на ставот дека единствена соодветна мерка е притвор. Според јавната обвинителка Фатиме Фетаи, засилените сомнежи и сериозноста на делата за кои Васев се товари, ја оправдуваат загриженоста дека би можел да се даде во бегство.

„Со оглед на фазата на постапката и сензитивноста на делата, Обвинителството очекува осудителна пресуда“, изјави Фетаи.

Освен Васев, за случајот „Онкологија“ е обвинет и поранешниот организациски директор Нехат Нухи, кој исто така бара укинување на домашниот притвор.

Случајот се состои од две обвиненија. Првото се однесува на финансиски злоупотреби поврзани со набавка на онколошка терапија, во кое обвинети се Васев и Нухи. Второто обвинение, кое се однесува на несовесен третман на пациенти, ги опфаќа Васев и уште тројца лекари од Клиниката за онкологија.

Првото рочиште е закажано за 11 јули.

 

 

Related posts

Зошто златото паѓа и покрај војната? Инвеститорите стравуваат од нов удар

admin

Македонските аеродроми одат кон рекорд: Близу четири милиони патници до крајот на годината

admin

Бесими – Автопатиштата на Бехтел и Енка ќе донесат економски развој

ninja

Трамп пред ОН: Договор со Иран или ќе ја „уништам Исламската Република“

admin

ПРОЦЕСОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ ДОБИВА НОВ ЗАМАВ

ninja

„БЕЛА ЧУМА“ ЈА ДЕСЕТКУВА МАКЕДОНИЈА

ninja