12.8 C
Скопје
7 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Алиу во Куманово: Со 6 милиони денари обновен здравствениот дом во „Тоде Мендол“

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети реновираниот објект на Здравствениот дом Куманово во населбата „Тоде Мендол“, каде што се реализирани инвестиции насочени кон подобрување на условите во примарната здравствена заштита.

Во рамки на проектот, реконструирано е приземјето на објектот на површина од 250 квадратни метри, со инвестиција од пет милиони денари обезбедени од буџетот на Фондот за здравствено осигурување. Дополнително, за уредување на дворот и изградба на паркинг-простор за пациентите инвестирани се уште еден милион денари.

Од Министерството за здравство информираат дека објектот има важна улога во системот на превентивна здравствена заштита, бидејќи служи како центар за спроведување на училишната вакцинација.

Според министерот Алиу, со подобрувањето на просторните и инфраструктурните услови се создаваат предуслови за поквалитетни здравствени услуги, поефикасна организација на работата и подобри услови за престој на децата, родителите и здравствените работници.

Инвестицијата е дел од пошироките активности на Министерството за здравство насочени кон модернизација на примарната здравствена заштита и унапредување на превентивните здравствени услуги во земјата.

Related posts

САД: С.Македонија и Бугарија да продолжат со нивниот дијалог за решавање на разликите

admin

Иран напаѓа енергетски цели во Заливот, САД распоредуваат дополнителни сили 

admin

Левица купила имот во центарот на Скопје по 700 евра за квадрат, Мицкоски бара истрага

admin

СРБИЈА НЕ СЕ СОГЛАСИ СО ОДЛУКАТА НА ЕУ ЗА САНКЦИИ ПРОТИВ ИРАН

ninja

Пратеникот Лефков обвинува за „синхронизиран напад“ откако бугарски медиум објави детали за неговото семејство

admin

Камала Харис со зголемено водство пред Трамп, покажа нова анкета

admin