26.7 C
Скопје
27 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Вучиќ најави оставка: Ќе бидам претседател уште неколку недели

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во следните недели ќе поднесе оставка од функцијата, обраќајќи им се на поддржувачите на митингот на владејачката Српска напредна странка пред Народното собрание во Белград.

„Ќе бидам претседател уште неколку недели, па ќе поднесам оставка“, рече Вучиќ, оценувајќи дека ова е веројатно негово последно обраќање пред толкав број граѓани како претседател на Србија.

Тој рече дека 14 години ѝ служел на Србија и дека, како што наведе, никогаш не сакал да служи на ничии интереси освен на граѓаните.

Вучиќ најави дека листата на владејачката коалиција на претстојните парламентарни избори ќе се вика „Обединета Србија“. Тој рече дека ќе ѝ помогне на Српската напредна странка во изборната кампања доколку партијата тоа го побара од него.

Во говорот, Вучиќ ги критикуваше студентските протести, обвинувајќи дека студентите биле искористени од политички и други центри, но истовремено рече дека им „подава рака“ и повикува на разговор.

„Ви простуваме сè што направивте, но не сме наивни и нема да заборавиме што ѝ беше направено на земјата“, рече Вучиќ.

Тој им се заблагодари на поддржувачите кои, според него, дошле од сите делови на Србија, како и од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Северна Македонија.

Митингот се одржа под слоганот „Србија, едно семејство“. Улиците околу Народното собрание беа затворени за сообраќај, а на терен беа распоредени сообраќајна и интервентна полиција.

Related posts

Таравари под притисок: Владината коалиција го условува останувањето со прекин на врските со ДУИ

admin

Цензусот ќе пресуди кој ќе дава мандат за нова влада

admin

Жените во Западен Балкан се дискриминирани: помалку вработени, пониска плата

admin

АНАЛИЗА НА БИРС: Меѓу европската стандардизација и дилемата за универзитетската автономија

admin

ВИДЕО Големо невреме од Хрватска пристигна во Србија

admin

Шокантни сметки за струја, некои повисоки и до 300 отсто 

admin