21.7 C
Скопје
18 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски по средбите со Макрон и Мерц: ЕУ ги разбира нашите позиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е задоволен од средбите со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц на Самитот ЕУ–Западен Балкан во Тиват, каде што една од темите биле и уставните измени.

Мицкоски рече дека земјите членки на Европската Унија имаат разбирање за позициите на Северна Македонија во процесот на евроинтеграции.

„Уставните измени кои ги прифати претходната влада беа тема на разговорот, но нашиот став е тој. Ние заслужуваме многу повеќе од потпросечни политички медиокритети да ни ја креираат европската судбина“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека процесот на проширување останува жив и дека тоа била една од главните пораки испратени од лидерите на земјите членки на ЕУ на самитот во Тиват.

„Нашата цел е да останеме држава која испорачува најмногу реформи и истовремено да го зачуваме националното достоинство“, рече Мицкоски.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Европската Унија има дел од одговорноста за тоа што земјите од Западен Балкан сè уште не станале членки.

„Ако веќе 13 години не сме примиле нови членки, тоа покажува дека пропусти постојат и на страната на Европската Унија“, рече Мерц пред почетокот на самитот.

Албанскиот премиер Еди Рама, прашан кога Албанија би можела да стане членка на ЕУ, одговори дека постојат три работи што не можат да се предвидат: „Бог, сексот и Европската Унија“.

На Самитот ЕУ–Западен Балкан во Тиват учествуваа лидери на земјите членки на ЕУ, како и претставници на Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Северна Македонија, Косово и Црна Гора.

По враќањето од Тиват, Мицкоски соопшти дека се сретнал со претставници на стопанските комори и градежни компании за реализација на капитални проекти во земјата.

Related posts

Нова анкета: Се зголемува оптимизмот за ЕУ во С.Македонија

admin

Њујорк Тајмс: Маск користел дроги додека бил советник на Трамп

admin

ЕВРОПА ПРЕД НАЈГОЛЕМИОТ ВОЕН СУДИР ОД 1945 ГОДИНА, ВЕЛИ БРИТАНСКИ ГЕНЕРАЛ

ninja

Ескалација на Блискиот Исток: напади во Газа, тензии со Иран и неизвесни разговори во Пакистан

admin

Спасовски: Пукањето во Ист Гејт е криминална пресметка

admin

САД ја повикаа Србија да ги истражи наводите за изборни нерегуларности

admin