28.1 C
Скопје
21 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Стармер пред заминување: Лабуристите го туркаат Барнам кон Даунинг стрит

Британскиот премиер Кир Стармер се очекува во понеделник да објави план за повлекување од функцијата, откако се зголеми притисокот од пратеници и министри на Лабуристичката партија да му го отвори патот на Енди Барнам за преземање на лидерството.

Стармер, кој во 2024 година ги донесе лабуристите на власт со убедлива изборна победа, во последните месеци се соочува со пад на популарноста, внатрепартиски незадоволства и повици за промена на врвот на партијата.

Бизнис-секретарот Питер Кајл изјави дека премиерот викендов размислува за „политичките реалности“ со кои се соочува, но од Даунинг стрит тврдат дека Стармер продолжува да ја извршува функцијата и дека е фокусиран на работата на Владата.

Британските медиуми јавуваат дека повеќе од 100 лабуристички пратеници веќе побарале Стармер да си замине или да утврди временска рамка за повлекување. Според извештаите, и дел од министрите во неговиот кабинет сметаат дека неговата позиција е неодржлива.

Министерката за надворешни работи Ивет Купер, како и повеќе други високи членови на Владата, според медиумските извештаи, му порачале на Стармер дека треба да се повлече.

Притисокот врз премиерот се засили по победата на Енди Барнам на дополнителните избори во Мејкерфилд, со што поранешниот градоначалник на Голем Манчестер се врати во Парламентот и доби можност формално да влезе во трка за лидер на Лабуристичката партија.

Барнам се смета за најсериозен потенцијален наследник на Стармер. Неговите поддржувачи настојуваат да обезбедат широка поддршка меѓу пратениците, со цел да го убедат премиерот да прифати организирана транзиција на власта.

Стармер досега тврдеше дека ќе се бори против секој лидерски предизвик, но извештаите од Лондон наведуваат дека неговите сојузници сè повеќе признаваат дека поддршката за него во партијата се намалува.

Конзервативците оценија дека евентуалното доаѓање на Барнам нема суштински да ја промени политиката на Владата, обвинувајќи ги лабуристите дека остануваат зависни од задолжување и висока јавна потрошувачка.

Поранешниот премиер Риши Сунак, пак, го предупреди Барнам дека не треба да стане премиер „по автоматизам“, без јасен мандат и план за првите денови на функцијата.

Доколку Стармер се повлече, Велика Британија би се соочила со нова промена на премиер во период на политичка нестабилност и растечки притисок врз двете најголеми партии.

Related posts

Цените растат, маркетите профитираат, владата се заканува

admin

Кој на граница ги малтретираше и ги соблече мигрантите и ги врати назад во Македонија?

admin

Билјана Ванковска: Против сите договори

admin

Што ќе каже Уставниот суд? СДСМ ја оспорува собраниската резолуција за мигрантите

admin

Кочани ќе го одржи 17. „Марш за ангелите“ во знак на барање правда

admin

По еден тежок ден, британскиот премиер Стармер вети дека никогаш нема да се откаже од функцијата

admin