26.8 C
Скопје
5 јуни, 2026
Inbox7.mk
СТАВ

Универзитетската автономија и границите на реформата во високото образование

Веќе во член 1 од предлог-законот се утврдува дека законот ги уредува „основните начела на високото образование, универзитетската автономија, академските слободи, организацијата, финансирањето и правата на студентите“. Иако ова звучи многу добро, имаме и многу други членови што се толку добро формулирани, што ако ги прочитал странец, би се изненадил од високиот ниво на формулација на овие законски одредби.

Пишува: Луиса РЕСИДИ

Најновите измени што се случија во Законот за високото образование во РСМ се смета дека само од страна на креаторите на политики се перцепирани како реформа во образованието, и никој друг, освен нив, не се согласува со нив.

Образованието на кое било ниво мора задолжително да почне да спроведува реформи за да ѝ се приклучи на ЕУ, или барем да се приближи до европските стандарди. Но, измените што се донесени, очигледно, го враќаат назад развојот што со векови е граден во образованието.

Можеби ваквата критика може да изгледа остра, но никогаш не сум слушнала дека Министерството треба да има врховна власт над универзитетите, за тие да функционираат најдобро, кога самото Министерство и министрите постојано прават не само прекршувања на законите, туку и на Уставот.

Како студентка, би предложила реформите да не почнуваат од глава до чевли, туку од чевлите кон главата. Некои можеби дури и ќе прашаат што значи тоа. Ако главата е мозокот на државата, тој ќе пропадне ако нозете не го однесат на вистинското место… а нас каде не носат нозете?

Значи, несогласувањето меѓу образовните институции и Министерството не се наоѓа во јазот на нетранспарентноста, туку во неспособноста да се најде конецот.

Сепак, се враќам на предлог-законот, кој тврди дека ќе го зголеми квалитетот, ќе ја зајакне меритократијата и ќе ги модернизира универзитетите.

Законска нормиранoст и јазот меѓу теоријата и практиката

Веќе во член 1 од предлог-законот се утврдува дека законот ги уредува „основните начела на високото образование, универзитетската автономија, академските слободи, организацијата, финансирањето и правата на студентите“. Иако ова звучи многу добро, имаме и многу други членови што се толку добро формулирани, што ако ги прочитал странец, би се изненадил од високиот ниво на формулација на овие законски одредби.

Хипотетички, би требало да сме некаде на европско ниво на развој. Но тука теоријата се става на пиедестал, додека практиката, која може да се следи само делумно при имплементацијата, се остава настрана. Така се создава несоодветност меѓу „слободите и правата на студентите“ и реалноста.

Непотизам и ризикот од институционална репродукција

За да се влоши веќе постојната тензија, досегашниот обид да се бори против непотизмот паѓа во вода, бидејќи со овој закон непотизмот може да се поддржи преку одредени услови. Не велам дека родителите и децата не можат да ја делат истата страст за академијата или да работат рамо до рамо со висока продуктивност, но да бидеме искрени: постои ли таква наивна добрина во нашата земја? Секако дека не. Тоа би се злоупотребило до таа мера што би ја поминало секоја очекувана граница.

Особено внимание заслужува и член 5, став 3, кој вели дека „редовните професори остануваат членови на академската заедница и по пензионирањето“.

Во некои случаи тие можат секоја година да менторираат до три докторанти, што до одреден степен може да се смета за позитивно, особено ако сте во пензија. Но, тоа станува проблематично кога ќе се спореди со причината зошто се прават законските реформи: модернизација, иновација и развој на човечкиот капитал. Во овој случај, се создава парадокс, каде што под изговор на зачувување на специјализирани кадри, во пракса се казнуваат новите генерации академици.

Балансирање меѓу искуството и научната продуктивност

Не велам дека нема потреба од нивното академско искуство, но тоа во никој случај не се оправдува со додавање механизми за избор на универзитетски кадар само за да се направи речиси невозможно обновувањето на научниот и академскиот кадар.

Во состојбата во која сега ја живееме како држава, последната од опциите би била да им се нудат работни места на пензионерите, кога младите се борат да најдат работа со минимални плати, па дури и целосно бегаат кон држава која барем ги спроведува законите што ги има формулирано.

Академското искуство во високото образование се вреднува многу пати повеќе од научната продуктивност што ја поседуваат новите генерации, кои со ресурси од најразлични извори и со ефикасно користење на ресурсите, под соодветно менторство и оценување, се способни да направат десетици трудови во рекордно време. Токму оваа продуктивност ја ценат европските стандарди, а не нивната целосна демотивација.

Член 24 и структурните нееднаквости

Уште еден многу чувствителен аспект се чита во член 24, каде што се поставуваат одредени услови за реализација на студиите од трет циклус и меѓууниверзитетската соработка. Иако на прв поглед овие критериуми изгледаат како неутрални академски стандарди, во пракса тие произведуваат структурни нееднаквости меѓу универзитетите.

Универзитети како Универзитетот „Мајка Тереза“ и Универзитетот во Тетово немаат исти историски, финансиски и институционални капацитети како постарите државни универзитети. Поради тоа, многу високите критериуми за развој на докторски студии и научно истражување негативно ќе влијаат врз нивниот академски напредок.

Овој дел директно ја засега етничката и јазичната еднаквост во образовниот систем на државата. Ако албанските универзитети се ограничат во развојот на третиот циклус на студии, тогаш се ограничува и можноста за создавање нова албанска академска елита во земјата. Тоа може долгорочно да влијае врз академското претставување, научниот развој на албански јазик и реалната автономија на овие институции.

Универзитетската автономија и политичкото влијание

Потоа, во членовите 7 и 8, законот ја гарантира универзитетската автономија и академската слобода, вклучително и слободата на критичко мислење, внатрешната организација и изборот на студиски програми. Меѓутоа, колкава автономија имаат јавните универзитети е прашање за дебата, поради тоа што најмногу се под влијание на политичките партии.

И сега, овој уште повисок контролен механизам, мислам дека има јасни цели, и тоа сè што ќе продолжи да се прави во академијата ќе зависи од партиските елити, од изборот на кадри до акредитацијата на програмите. Значи, принципот на еднаквост и транспарентност целосно паѓа во вода уште во моментот кога овој закон ќе стапи во сила, а патот кон ЕУ се оддалечува за уште стотици и стотици месеци.

А што ако овој механизам се гледа од попозитивен аспект? Сепак, во академијата не треба да одлучуваат надворешни фактори, освен студентските собранија и сенатите.

Но колку овие тела ќе бидат праведно функционални, и тоа е голем знак прашалник, бидејќи и тие директно ќе бидат под влијание на Министерството во своите одлуки.

Недостаток на јавна доверба и врската со политиката

Големиот недостаток на оваа јавна доверба дека овој механизам ќе функционира произлегува од тоа што самата академија треба да биде вклучена во политиката само како граѓански ангажман, а не како дел од партиските елити што успеваат да создаваат милијарди денари богатство покрај студентите.

Друг многу важен аспект е поврзан со самите студенти. Во член 28, законот го гарантира правото на квалитетно образование, заштита од дискриминација, учество во одлучувањето и поддршка за физичкото и менталното здравје на студентите. Но, кога станува збор за овој аспект, функционални центри за психолошко советување за студенти немаат дури ни најдобрите универзитети во земјата. Затоа, треба да се посвети големо внимание на овој аспект. Од друга страна, кога овој закон заштитува од дискриминација, треба да се има предвид дека албанската страна се соочува со изразени тешкотии во професионалното унапредување поради тестирањето на јазичните способности повеќе отколку поради повеќегодишното академско искуство, кога станува збор за унапредување со лиценци или дури и државни испити, што претставува дискриминација врз етничка основа. Додека еден факултет акредитира програма на мајчиниот јазик на студентите, потоа треба да обезбеди и можност за имплементација.

Бидејќи кај нас сè е совршено, но само во теорија

Инфраструктурни услови и пазарот на трудот

Покрај овие, студентите на различни места се соочуваат со несоодветни инфраструктурни услови, се соочуваат со недостиг на литература, пристојни лаборатории, како и со јаз меѓу побарувачката на пазарот и акредитираните студиски програми.

Што се однесува до професионалната работа, тоа е нешто на што треба да се посвети внимание не само во високото образование, туку главно во средното, со цел напредување и мотивирање на студентите кон постручни предмети, за кои на пазарот има недостиг.

Подобрувањето на овие точки кај студентите би влијаело врз подобрување на квалитетот на студентскиот живот.

Што навистина презема Министерството против феноменот на „одлив на мозоци“, или прави сè што е можно овој феномен да се продлабочи?

Тајната во овие реформи е да останеме таму каде што не сме биле, но да се вратиме малку назад, каде што еден човек одлучува, а другите не можат ништо освен да аплаудираат.

Оваа реформа има и позитивни и негативни ефекти.

Позитивните не сакам да ги спомнувам поради тоа што се малку релевантни во морето од други негативни аспекти.

Но барем се движиме кон европскиот сон, нели? Додека европските стандарди им ги остваруваат студентските соништа, нудејќи им незаборавни студии, нашата држава се збунила нешто при креирањето на својата стратегија и им остварува на нашите студенти нешто… но нам само разочарувања.

 

Текстот е работен во рамки на проектот „Застапување за инклузивен развој“, финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас

Содржината на овој текст е единствена одговорност на Форум за разумни политики, ИОХН и БИРС и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

Related posts

На патот кон ЕУ: Поставени се здрави фундаменти во јавните финансии и функционална пазарна економија

admin

Бранко се појави, навистина се појави: МНОГУ ВРЕВА ЗА НИШТО!

admin

Вистинските избори доаѓаат по овие

admin

“Во Косово” или “на Косово”, каде е “избегана” вистината?

admin

Another BRICS in the World

admin

Зелена конкурентна економија за подобар квалитет на живот

admin