19.8 C
Скопје
27 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Даниела Димовска избрана за претседателка на Основниот кривичен суд Скопје

Судијката Даниела Димовска е избрана за нова претседателка на Основниот кривичен суд Скопје. Одлуката ја донесе Судскиот совет, по завршувањето на постапката за избор на претседател на судот.

На јавниот оглас за функцијата се пријавија двајца кандидати: Даниела Димовска, судијка и досегашна вршителка на должноста претседател на Основниот кривичен суд Скопје, и Ивица Стефановски, исто така судија во истиот суд.

Судскиот совет ја избра Димовска со 11 гласа „за“, а таа доби и четири гласа „за“ според Бадентеровото мнозинство.

Одлуката ја соопшти претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски.

„Констатирам дека Судскиот совет донесе одлука со која Даниела Димовска се избира за претседателка на Основниот кривичен суд – Скопје“, изјави Камбовски.

Претседателот на Комисијата за избор, Ивица Николовски, информираше дека двете кандидатури биле уредни и дека кандидатите ги поминале сите предвидени фази од постапката, вклучувајќи ги тестирањата и интервјуата.

Димовска ја извршуваше функцијата вршител на должност претседател на судот во изминатата една година. Претходно беше судијка во Одделот за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, каде што постапувала по предмети поврзани со организиран криминал и висока корупција.

 

Related posts

Груби: Овој состав на Антикорупциска е неспособен, се надевам следниот ќе биде посериозен

admin

Агелер си обелодени плановите на САД: Ќе има нови имиња на „црните листи“

admin

Говор што ја шокираше Европа: Американскиот министер за одбрана под жестоки критики

admin

САД се блиску до договор со Израел и Хамас за да го прекинат конфликтот, да ослободат некои заложници

admin

„Шпигел“ за Вучиќ: „Кукларот од Белград“

admin

ЗАГИНАТИ И ПОВРЕДЕНИ ВО ПУКОТНИЦА ВО ПАРИЗ

ninja