15.8 C
Скопје
11 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

ДУИ: Македонија во НАТО без ниту еден Албанец во делегацијата

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја обвини Владата дека на Самитот на НАТО во Анкара испратила државна делегација без ниту еден претставник Албанец, оценувајќи дека таквиот состав не го одразува мултиетничкиот карактер на Северна Македонија.

Во соопштението, ДУИ наведе дека државните делегации треба да ја одразуваат еднаквоста и принципите на Охридскиот рамковен договор.

„Претставување без Албанци не е претставување на државата. Северна Македонија е мултиетничка држава и членка на НАТО благодарение на политичка архитектура изградена врз еднаквост, застапеност и Охридскиот договор“, соопшти партијата.

Од коалицијата ВЛЕН ги отфрлија критиките.

Пратеникот Беким Ќоку изјави дека Албанците се дел од повеќето државни делегации, но рече дека нема информации за причините поради кои во конкретниот случај нема албански претставник.

„Во најголем дел од делегациите каде што се смета дека треба да има претставник од ВЛЕН, имало и ќе има. ВЛЕН е дел од мнозинството процеси во кои учествуваат државните делегации“, изјави Ќоку.

Северна Македонија на самитот во Анкара е претставена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Related posts

Северна Македонија постигна стратешки договор со Британија во вредност од 6 милијарди евра 

admin

Eкономска офанзива во Будимпешта? Мицкоски најавува нов бран инвестиции и силно партнерство со Орбан

admin

Неколку сценарија за бегството на Артан Груби

admin

Скопје усвои ребаланс на буџетот, најавени нови паркови, автобуси и реконструкции

admin

СДСМ ја нападна Сиљановска-Давкова: Зошто молчи за Груевски, Латас и „Бела палата“?

admin

Европа без Америка? Војната со Иран го менува безбедносниот баланс

admin