25.8 C
Скопје
4 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ДУИ тврди дека Мимоза Муса го вработила својот татко-пензионер

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја обвини потпретседателката на ВЛЕН, Мимоза Муса, за непотизам и лицемерие, тврдејќи дека наместо ветените меритократија и родова еднаквост, ја искористила власта за именување на својот татко во државна институција.

Во партиското соопштение ДУИ наведува дека таткото на Муса, Ариф Муса, кој е пензионер, бил именуван во Управниот одбор на Развојната банка, оценувајќи дека тоа е спротивно на изборните ветувања на ВЛЕН за вработување врз основа на заслуги.

Опозициската партија истовремено ја критикува ВЛЕН дека, и покрај контролата врз шест министерства, при реконструкцијата на Владата не предложила ниту една жена за министерска функција. Според ДУИ, тоа е во спротивност со изборната програма на коалицијата, која предвидувала 40-процентна застапеност на жените на именувани функции, мерит-систем при вработувањата и целосна транспарентност.

„Наместо 40 проценти жени, донесоа нула министерки. Наместо меритократија, именуваа членови на семејството“, се наведува во реакцијата на ДУИ.

Related posts

Гаши: Мнозинството е стабилно, се работи со полн капацитет

admin

Се стопи македонската средна класа

ninja

Гаши бара објаснување од Тирана по инцидентот со пратениците на Ќафасан

admin

Вучиќ разговараше со Пич: И покрај провокациите од Приштина, остануваме посветени на мирот

admin

КОВАЧЕВСКИ ЈА ОТФРЛИ ИДЕЈАТА ЗА ЗАЕДНИЦА НА АЛБАНСКИ ОПШТИНИ

ninja

Москва е нападната, итна евакуација на населението

admin