7.8 C
Скопје
1 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ескалира политичката пресметка за водната криза: ВМРО бара истрага, СДСМ го обвинува Мицкоски за злоупотреба на Обвинителството

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека за време на мандатот на Венко Филипче како министер за здравство имало стотици случаи на неисправна вода за пиење за кои, според партијата, јавноста не била информирана, додека СДСМ возврати со обвинувања дека премиерот Христијан Мицкоски врши политички притисок врз Обвинителството.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски изјави дека речиси 400 испитувања во периодот кога СДСМ била на власт покажале отстапувања од прописите за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Како примери ги наведе водоснабдителниот систем „Лисиче“ во Велес во мај 2021 година, локалниот водовод во селото Нивичани кај Кочани во јуни 2021 година, водата во Пештани кај Охрид во јули 2021 година, чешма во основното училиште „Страшо Пинџур“ во селото Уларци и водата во Здравствениот дом во Делчево во јануари 2022 година.

Според Мицевски, за овие случаи јавноста не била информирана и побара Јавното обвинителство да ги испита сите наводи.

СДСМ ги отфрли обвинувањата и оцени дека премиерот Мицкоски повторно го злоупотребува Обвинителството за политички цели.

Во писмената реакција, опозициската партија наведе дека Мицкоски „се заканува преку медиумите“ и го обвини дека врши притисок врз правосудството, потсетувајќи на, како што наведува, забелешките на Европската комисија за влијанието врз судскиот систем.

СДСМ, исто така, изнесе серија обвинувања на адреса на премиерот, поврзани со јавни набавки, енергетскиот сектор, наводни финансиски злоупотреби и актуелната водна криза во Гостивар, додавајќи дека, според партијата, „ќе дојде време на вистина и правда“.

Related posts

Харадинај до косовската опозиција: Зошто се плашите да ме подржите да го рушиме Курти

admin

Верските организации се креваат против законите за матична евиденција и род

admin

Бајден: Нетанјаху мора да се промени, Израел ја губи глобалната поддршка

admin

Извештај на ОН: Бугарија да ги гарантира правата на македонското малцинство

admin

Павле Арсоски купувал оружје со вредност како едно чоколадо

admin

Гаши, Меџити и Фетаи се сретнаа со албанскиот претседател Бајрам Бегај

admin