12.8 C
Скопје
10 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Верските организации се креваат против законите за матична евиденција и род

Отворање на Пандорината кутија од која секојдневно ќе излегуваат разно-разни родови. Вака го опишува својот страв Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), ако се донесат предлог законите за матична евиденција и за родова еднаквост, јавува РСЕ, пренесува Инбокс7.

Црквата бара да се повлечат законите, оти со нив ќе се редефинирало целокупното општество и тврди дека се на чекор да бидат усвоени во Собранието.

И двата предлога воопшто не се во Собрание, вели за РСЕ министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Но и покрај тоа МПЦ – ОА повикува на сенароден протест на 29 јуни. МПЦ – ОА објави и дека добила поддршка и од другите верски заедници во државата, Исламската верска заедница, Католичката црква и сите останати во државата и очекува нивно присуство на протестот.

Со овој повик и силна кампања на социјалните мрежи сметаат на одѕив од верниците. Верските заедници во Северна Македонија, пак, ја уживаат најголемата доверба од граѓаните, покажува неодамнешното истражување на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦ) подготвено во рамки на „Програмата за парламентарна поддршка“.

Што се предлага?

Во предлог законот за родова еднаквост, за кој се дебатира речиси 10 месеци, стои дека:

„Пол“ ги подразбира биолошките и психолошките карактеристики врз основа на кои луѓето се дефинираат како жени или мажи.

„Род“ ги подразбира општествени својства и можности што се поврзуваат со тоа да се биде женско или да се биде машко, и со односите меѓу жените и мажите и момчињата и девојчињата, како и односите меѓу самите жени и односите меѓу самите мажи.

„Родов идентитет“ се однесува на внатрешното и индивидуално доживување на сопствениот родот што секое лице длабоко го чуствува за себе, што може но и не мора да соодејствува на полот што му е определен при раѓање, како и личното доживување на сопственото телото и поинакво изразување на родот, вклучително име, облека, говор, манири и дуго.

Related posts

По влезот во НАТО, Русија ја “напаѓа” Финска со мигранти

admin

Османи за изнајмувањето возила за собирот на ОБСЕ: Не можам да кажам дека немало договарање меѓу потенцијалните конкуренти

admin

Бајден и Трамп победија на прелиминираните избори во Мичиген

admin

ТИМ ОД ВАШИНГТОН ЌЕ „ЛОВИ“ КОРУМПИРАНИ ФУНКЦИОНЕРИ

ninja

АНКЕТА: БУГАРИЈА Е ЗАКАНА, А ЕУ Е НЕФЕР И НАДМЕНА

ninja

Незири за ТВ24: Ако нема друг начин, останува уставните измени да се изгласаат на балкански начин како Преспанскиот договор

admin