21.8 C
Скопје
2 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ЕУ напредува без Северна Македонија: „Супер вторник“ ја отвори болната дилема – каде згрешивме?

Европската унија во вторникот одржа четири меѓувладини конференции во еден ден, што претставува еден од најзначајните исчекори во политиката на проширување во последните две децении.

Албанија ги затвори преговарачките поглавја 25 (Наука и истражување), 26 (Образование и култура) и 30 (Надворешни односи), Црна Гора ги затвори поглавјата 8 (Конкуренција) и 29 (Царинска унија), додека Украина и Молдавија го отворија Кластерот 6 од пристапните преговори.

Европските институции го оценија денот како силен сигнал за обновениот моментум на политиката на проширување и за посветеноста на четирите земји кон членство во Унијата.

Во меѓувреме, во Северна Македонија продолжува политичката дебата за причините поради кои земјата останува без напредок во евроинтеграциите.

Политичкиот аналитичар Емир Хасановиќ во објава на социјалните мрежи оцени дека земји кои се соочуваат со војна, нерешени територијални прашања или внатрешни политички поделби успеваат да го задржат фокусот на европската интеграција, додека Северна Македонија останува во застој.

Тој ја критикува и поранешната и актуелната власт, оценувајќи дека претходната влада ја довела државата во неповолна позиција со прифаќањето на францускиот предлог без јасна стратегија, додека сегашната влада, според него, ги посочува грешките на претходниците, но не нуди решение за излез од ќор-сокакот.

Хасановиќ заклучува дека најголем губитник од политичкиот застој се граѓаните, додавајќи дека решението не може да дојде само од традиционалните партии или од етничките поделби, туку бара нов политички пристап и јасна стратегија за продолжување на европскиот пат.

Related posts

По 12 години, Фатмир Дехари ја напушти општината Кичево, Јовановски ја презема функцијата градоначалник

admin

Еурактив: Односите Софија-Скопје се влошуваат

admin

23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба

admin

ДУИ: Балканот е мета на организиран антидемократски проект поддржан од проруско и прокинеско влијание

admin

Муцунски: Македонскиот јазик, идентитетот и достоинството не се предмет на преговори

admin

Двајца професионални војници заболеле од шуга, Министерството за одбрана негира ширење во касарната

admin