24.5 C
Скопје
30 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Фетаи ќе ја претставува Македонија во Брисел како специјален пратеник за ЕУ

Арбен Фетаи соопшти дека Владата на Северна Македонија го именувала за специјален пратеник за Европската унија со седиште во Брисел, со задача да придонесе за унапредување на евроинтегративниот процес на земјата.

Во објава на Фејсбук, Фетаи оцени дека назначувањето претставува „голема чест“, но и „уште поголема одговорност“.

„Задачата што ми е доверена е да се ангажирам за унапредување на процесот на европската интеграција на нашата држава, преку зајакнување на политичката поддршка во институциите и земјите членки на Европската унија, придонес во надминувањето на политичките и дипломатските предизвици и посилно присуство на гласот на Северна Македонија во Брисел и европските престолнини“, напиша Фетаи.

Тој наведе дека на новата функција доаѓа по долгогодишна кариера во Брисел и искуство стекнато во Владата, додавајќи дека останува посветен на европската перспектива на земјата.

„Оваа должност ја преземам со целосно уверување дека иднината на Северна Македонија е во Европската унија“, порача Фетаи.

Тој му се заблагодари на премиерот и на Владата за укажаната доверба.

„Патот кон Брисел продолжува – со решителност, партнерство и целосна верба во нашата европска иднина“, напиша Фетаи.

Related posts

Нетранспарентноста во јавните набавки, „главоболка“ за компаниите: Бизнисмените ретко се жалат кога се незадоволни од тендерите

admin

Трамп и Рубио отворија нов фронт во Латинска Америка: Две бразилски банди на листата на терористи

admin

Земјотрес од 4,6 степени регистриран во северозападна Македонија

admin

Мицковски најавува дека нема да ги гласа уставните измени: Ковачевски да внимава, да не се редефинира државата

admin

RCC: Довербата расте кога европскиот пат е кредибилен, покажува истражувањето SecuriMeter 2025

admin

Чаир и Сарај на распродажба? Таен договор ја турка Алтернатива кон бришење!

admin