19.8 C
Скопје
7 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

„Кај испари муабетот?“: Апасиев го прозва Мицкоски за изборните реформи

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, во средата го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека отстапил од претходните разговори за воведување една изборна единица, откако електронското гласање на дијаспората стана централно прашање во дебатата за измените на Изборниот законик.

„Чекај малце, премиере… На лидерската средба зборевме за една изборна единица, а не за електронско гласање на дијаспората!? Кај испари тој муабет или важи само за мачкање очи пред камери?“, напиша Апасиев на социјалните мрежи.

Со оваа реакција, лидерот на Левица сугерира дека на претходните разговори меѓу политичките партии акцентот бил ставен на промена на изборниот модел преку воведување една изборна единица, а не на можноста за електронско гласање на дијаспората, кое во меѓувреме стана едно од клучните барања на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Полемиката се случува во услови на растечки политички тензии околу предложените измени на Изборниот законик, кои власта ги оценува како дел од реформските обврски на земјата, додека опозициските партии СДСМ и Левица најавуваат блокада на нивното усвојување.

Апасиев претходно најави дека Левица ќе се спротивстави на донесувањето на законот доколку, како што тврди партијата, останат спорни одредби што создаваат политичка нерамноправност и не ги адресираат клучните прашања за изборниот систем.

Related posts

Кинески суперкомпјутер го симна американскиот од врвот на светската листа

admin

Ердоган: Никој не може да го спречи “Векот на Турција”

admin

Фетаи до Ахмети: „Јас не сум ничиј слуга – тој епитет задржи го за себе“

admin

Рубио и Блер именувани во „Одборот за мир“ на Трамп за Газа

admin

„Историски“ закон или козметичка реформа? Само 49 од над 1.300 институции под новите правила

admin

Катимерини: Договорот од Преспа оспорен во предизборната дебата на Северна Македонија

admin