29.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Над 33.000 странски возила „фатени“ од „Безбеден град“ – МВР најавува наплата на граница

Системот „Безбеден град“ регистрирал 33.722 сообраќајни прекршоци сторени од возила со странски регистарски таблички во периодот од 2 февруари до 31 мај годинава, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, најголем број прекршоци биле евидентирани во мај, кога биле регистрирани 11.258 случаи, додека најмал број бил забележан во февруари – 4.301 прекршок.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека следната фаза од имплементацијата на системот ќе овозможи казните да им бидат доставувани и на странските државјани кои сториле сообраќајни прекршоци додека транзитирале низ земјата.

„Брзо ќе бидете сведоци на целосна имплементација на вториот чекор, кој се однесува на доставување на казните за лицата што управуваат возила со странски регистарски ознаки“, изјави Тошковски.

Според него, една од можностите е казните да им бидат врачувани на возачите при напуштање на државата преку граничните премини, додека се разгледуваат и дополнителни механизми за електронска достава.

Тошковски рече дека новите технологии и вештачката интелигенција ќе овозможат поефикасно следење и доставување на казните.

„Ќе ги доставуваме казните преку СМС-пораки или преку апликација. Потребна е само волја и време за да се воспостави системот“, рече министерот.

Сепак, МВР засега не прецизира дали странските државјани ќе мора веднаш да ги подмират казните на граничните премини, дали ќе биде овозможено електронско плаќање, ниту какви мерки ќе се применуваат доколку возачите одбијат да платат.

Системот „Безбеден град“ официјално започна со работа на 1 февруари 2026 година, по измените на законската регулатива што овозможија автоматско евидентирање на сообраќајните прекршоци преку мрежа од камери поставени на повеќе локации низ државата.

Камерите регистрираат различни видови прекршоци, меѓу кои пречекорување на дозволената брзина, минување на црвено светло и други прекршувања на сообраќајните правила, со цел да се подобри безбедноста во сообраќајот и да се намали бројот на сообраќајни незгоди.

Related posts

Османи: Предвремени парламентарни избори ќе се одржат во март или април 2026 година

admin

НАТО: ИСТОРИСКА ШАНСА ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ТРАЕН МИР МЕЃУ КОСОВО И СРБИЈА

ninja

Левица поднесе интерпелација против Тошковски поради трагедијата во Кочани

admin

Судскиот процес за пожарот во „Пулс“ продолжува, обвинетите ќе се изјаснат за вина

admin

Сиљановска-Давкова од Словенија: Билатералните спорови не смеат да ја блокираат Македонија

admin

ВЛЕН го обвини Османи за дволичност околу забраната за влез во Албанија на Халими и Бела

admin