2.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Болка без одговор: 41-ви марш во Штип со порака – „Кој ќе одговара?“

Семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ повторно излегоа на протест во Штип, барајќи правда и одговорност за трагедијата во која загинаа 63 лица.

Четириесет и првиот „Марш на ангелите“ започна од плоштадот „Слобода“, при што учесниците поминаа покрај Судот, Јавното обвинителство и Секторот за внатрешни работи, упатувајќи прашања за текот на постапките и одговорноста на институциите.

„Не зборуваме за предмет на хартија, туку за 63 изгубени животи. До каде е постапката и кога ќе започне судењето? Кој ќе одговара и кога?“, порачаа родителите.

Тие изразија незадоволство од, како што велат, одолговлекувањето на постапките и недостатокот на конкретни резултати, посочувајќи дека институциите не реагирале навреме и не презеле мерки што можеле да ја спречат трагедијата.

„Требаше ли да изгубиме 63 животи за некој да сфати дека пропустите убиваат?“, изјави Александар Наунов, татко на една од жртвите.

Протестната поворка застана и пред регионалната подружница на Управата за јавни приходи, каде што семејствата побараа информации за најавените кривични пријави против службени лица.

„Поминаа месеци и сè уште има молк. За нас секој ден без одговор е нова болка“, рече Наталија Таневска, мајка на загинат.

Од здружението „16 март“ најавија дека протестите ќе продолжат и во други градови, нагласувајќи дека нивната борба не е само за правда, туку и за спречување на идни трагедии.

Маршот, како што истакнаа учесниците, не е само израз на тага, туку и порака за достоинство и истрајност, со цел да не се дозволи случајот да биде заборавен.

Related posts

Трамп тврди дека Мадуро е заробен: масовни напади ја потресоа Венецуела

admin

ВИДЕО | Блинкен во непожелна ситуација: “Престанете да убиете деца во Газа”

admin

ТРНЛИВ ПАТ ДО АВТОПАТ

ninja

„Островот на развратот“ стана инкубатор на шпекулации

admin

КУРТИ: „ЗАЕДНИЦАТА НА СРПСКИ ОПШТИНИ Е АПАРТХЕЈД“

ninja

Северна Македонија без напредок во борбата против корупцијата

admin