27.4 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

СДСМ поднесе интерпелација за Трипуновски, министерот возврати со остри обвинувања

Опозициската СДСМ поднесе интерпелација за министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, обвинувајќи го за корупција, неефикасност и штетни политики во ресорот.

Од партијата соопштија дека интерпелацијата се темели на, како што наведуваат, „сериозни и континуирани случаи на системска корупција, злоупотреба на службената положба и кршење на законите“, како и на нарушено функционирање на институциите во земјоделството.

Поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски изјави дека во изминатите две години земјоделството е доведено до „колапс“, обвинувајќи дека се укинати или суспендирани мерки и програми за поддршка на земјоделците.

„Наместо развој и поддршка, земјоделците се соочуваат со кратења, притисоци и несигурност“, изјави Николовски.

Министерот Трипуновски возврати на социјалните мрежи, оценувајќи ја интерпелацијата како „нелегитимна“ и политички мотивирана.

„Интерпелацијата ќе биде исто толку неуспешна како и твојот мандат“, напиша Трипуновски, додавајќи дека рејтингот на СДСМ „паѓа толку ниско што го пробива секое дно“.

 

Related posts

Говор што ја шокираше Европа: Американскиот министер за одбрана под жестоки критики

admin

Почна трката по бројки: кога и како ќе заврши?

admin

“Не сум веќе Американец, сега сум Русин”

admin

По еден тежок ден, британскиот премиер Стармер вети дека никогаш нема да се откаже од функцијата

admin

Руската војска нема да купува оброци од фирмата на Пригожин

admin

Аналитичари: Отворањето старо-нов спор со Грција не носи заемно прифатливо решение

admin