33.3 C
Скопје
28 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

„Со принципите нема играње“: Мицкоски испрати нова порака за спорот со Бугарија

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема да прифати уставни измени во формата што, според него, се бара во моментов, но порача дека ќе продолжи да разговара за решение што ќе обезбеди полноправно членство на Северна Македонија во Европската унија.

„Јас сум подготвен да разговарам со секого, секаде… додека е потребно за да се најде решение коешто ќе биде одржливо и коешто ќе нè однесе до крајната цел“, рече Мицкоски во поткастот „Риштази“ со Назим Рашиди.

Тој нагласи дека пристапот на Владата се темели на принципи и дека тие мора да важат еднакво за сите страни.

„Со принципите нема играње“, изјави Мицкоски, додавајќи дека Северна Македонија не може да се очекува да ги исполнува преземените обврски, додека, според него, Бугарија не ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права поврзани со правата на Македонците во таа земја.

„Тоа е булинг и тоа е политика на двојни стандарди. Јас не сум љубител на таков тип на политика“, рече премиерот.

Мицкоски додаде дека принципите не смеат да бидат предмет на политички компромиси.

„Ова не е шведска маса… Ова се принципи. Колку си играте со принципите, толку тежите како човек“, изјави тој.

Премиерот повтори дека стратешка цел на Владата останува членството во Европската унија, но рече дека нема да поддржи, како што наведе, привремени решенија кои не обезбедуваат сигурен исход на пристапниот процес.

„Кога ќе имаме на маса решение коешто ќе нè однесе да бидеме дел од ЕУ, тогаш сме подготвени да разговараме. Не сме подготвени да разговараме за инстант, времени решенија“, рече Мицкоски.

Тој оцени дека претходните компромиси, вклучително и промената на уставното име, не ги донеле очекуваните резултати во евроинтеграциите.

„Секогаш беше реториката: само уште ова направете го и завршено е. Како што гледате, искуството нè учи на потешкиот пат“, изјави Мицкоски.

Related posts

Трамп: Нема исклучоци за царините на металите, старт во март

admin

Забраната за влез на архимандрит – порака со повеќе значења

admin

Путин спремен да користи и нуклеарно оружје: Африканската иницијатива не донесе мир во Украина

admin

ДУИ обвинува: Стоилковиќ ги отстранува натписите на албански јазик

admin

Србија преку авионски линии ќе се поврзува со САД

admin

ИРАН ПОТВРДИ: Ајатолахот Хамнеи  е мртов 

admin