20.1 C
Скопје
6 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Букефал исчезна, но избувна нов спор: ДУИ бара албански јазик на билбордите

Град Скопје постави нов билборд „Добредојдовте во Скопје“ на источниот влез во градот, откако претходното визуелно решение предизвика бројни критики поради грешки во приказот на скопските знаменитости.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изјави дека станувало збор за „печатна грешка“ и дека замената нема да го чини Градот, бидејќи трошокот ќе го сноси компанијата што го изработила билбордот. Тој не го соопшти името на компанијата.

„Кој работи и греши. Ако нашиот најголем грев е печатена грешка, тогаш сме на одличен пат“, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук, обвинувајќи ја опозицијата дека нема посериозни теми.

Новиот билборд содржи фотографии од Скопското Кале, Камениот мост, Кањонот Матка, Старата скопска чаршија и споменикот „Воин на коњ“. На излезот од градот е поставена верзија со пораката „Скопје ви посакува среќен пат“.

Претходниот билборд стана предмет на потсмев на социјалните мрежи затоа што Букефал беше прикажан со пет нозе, Камениот мост беше непропорционално издолжен, Калето личеше на средновековен замок, а дел од другите објекти не одговараа на реалниот изглед на Скопје.

СДСМ оцени дека билбордот е „симбол на аматеризам и срам“ и ја обвини градската власт дека наместо да инвестира во јавен превоз, чистота и инфраструктура, спроведува кампањи со визуелни решенија генерирани со вештачка интелигенција.

Левица, исто така, реагираше, оценувајќи дека билбордот не го претставува автентично Скопје и постави прашања за тоа кој го изработил, кој го одобрил и колку чинела неговата изработка.

По поставувањето на новиот билборд, реагираше и ДУИ, оценувајќи дека и покрај корекцијата на фотографиите, албанскиот јазик повторно не е вклучен на натписите.

Од партијата соопштија дека отсуството на албанскиот јазик претставува „свесна одлука“ за игнорирање на повеќеетничкиот карактер на Скопје и дека во двојазичен град тоа претставува политичка, институционална и законска повреда.

ДУИ побара итна корекција на билбордите во согласност со законските одредби и најави дека, доколку тоа не се случи, ќе ги искористи сите правни, институционални и демократски механизми за заштита на употребата на албанскиот јазик.

Во реакцијата, партијата ја обвини коалицијата ВЛЕН за политичка одговорност, тврдејќи дека со своето однесување дозволува занемарување на правата на Албанците.

Со последната реакција, случајот со билбордот прерасна од дебата за визуелното решение во спор околу примената на законските одредби за употребата на јазиците во главниот град.

Related posts

Половина нација пушачи, законот никој не го есапи

admin

Трамп: Војната со Иран е „при крај“ – Пакистан посредува, но тензиите остануваат

admin

Рамадани во бегство, СДСМ бара Тошковски да си замине

admin

Цингел: На ЕУ и се брза, но Србија го чека исходот од изборите во САД

admin

Ангеловски и Мицковски: Државата да не се меша на слободниот пазар

admin

Фон дер Лајен: Путин е „предатор“, потребно е силно одвраќање

admin