23.8 C
Скопје
5 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ЗНАМ испрати порака од Тетово: „Не сме ничија продолжена рака“

Лидерот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, изјави дека големите политички партии се плашат од растот на неговата партија, оценувајќи дека ЗНАМ се етаблира како самостоен политички субјект кој не работи во интерес на други центри на моќ.

Говорејќи на трибина во Тетово, Димитриевски рече дека ЗНАМ влегол во Владата со цел да спроведува реформи, но и да биде коректив кога ќе биде неопходно.

„Не влеговме во политиката за да бидеме продолжена рака на некого, туку за да изградиме политички субјект кој ќе се бори за држава со ред, систем и одговорност“, изјави Димитриевски.

Тој додаде дека европска Македонија е држава во која граѓаните имаат доверба во институциите, младите гледаат перспектива дома, а одлуките се носат врз основа на принципи, а не на политички интереси.

Според него, учеството на ЗНАМ во владината коалиција е мотивирано од желбата да се реализираат реформи, но и да се реагира кога ќе биде загрозен јавниот интерес или принципите на кои се темели движењето.

Во рамки на трибината, генералниот секретар на ЗНАМ и министер за јавна администрација, Горан Минчев, ги претстави реформите во јавната администрација и активностите за изградба на професионални и функционални институции.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и потпретседател на ЗНАМ, Борче Серафимовски, говореше за мерките за поддршка на земјоделците, развојот на домашното производство и рамномерниот регионален развој како предуслов за поконкурентна економија.

 

Related posts

Груевски: Зоран Заев стои зад мојот прогон, му помага Христијан Мицкоски

admin

Беса Адеми останува на чело на Врховниот суд

admin

Финансиските пазари под страв и шок додека се заканува глобална трговска војна

admin

Унгарскиот премиер Маѓар во Брисел бара деблокада на европските фондови, ЕК останува претпазлива

admin

Управата за јавни приходи демантира наводи за затворање на дискотеката „Пулс“ во декември 2024 година

admin

Ослободени авторите на „крвавиот четврток“

admin