16.8 C
Скопје
16 септември, 2026
Inbox7.mk
СТАВ

Важноста на интегрирањето во ЕУ од аспект на премијата за ризик

Пишува: Ристе Костовски 

Најголемиот дел од општествените чинители во Македонија, од осамостојувањето до денес, се залагаат за интегрирање на земјата во Европската Унија. Во јавниот дискурс често се истакнуваат очекуваните придобивки од членството, како што се пристапот до европските фондови, мониторингот и поддршката во спроведувањето на реформите, имајќи предвид дека самиот процес на пристапување е трансформативен. Сепак, според мене, уште поважен е инвестицискиот аспект.

Имено, секој инвеститор пред да започне со инвестициски потфат прави анализа на окружувањето, бидејќи секоја инвестиција е поврзана со одредено ниво на ризик. Ризиците во основа произлегуваат од контекстот во кој се инвестира. Постојат повеќе индикатори за нивно мерење, меѓу кои и показателот Country Risk, кој опфаќа неколку димензии – економска, политичка, финансиска и институционална.

Секој инвеститор перципира одредено ниво на ризик, кое директно е поврзано со концептот на премија за ризик, односно со цената на капиталот. Следствено, колку е постабилно опкружувањето, а токму таква стабилност се очекува да донесе процесот на евроинтеграција, толку е помала перцепцијата за ризик. Тоа, пак, значи пониска премија за ризик, поголема подготвеност за инвестирање и посилен инвестициски циклус.

Ова би се одразило преку зголемување на странските директни инвестиции, но и на портфолио-инвестициите, што позитивно би влијаело врз развојот на домашниот пазар на капитал, зголемувањето на ликвидноста и раздвижувањето на македонската берза.

Related posts

Нова влада во Софија – никакви промени за Република Северна Македонија

admin

Најдобрите системи се оние што не бараат херои

admin

Апологија на глупоста – зошто “народот” мора да биде означен како “глупав”?

admin

Една чаша вода не ја враќа довербата

admin

Историска фарса

admin

УНЕСКО – лобирање против идентитетот

admin