34.8 C
Скопје
1 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Германскиот генерал Бројер: Северна Македонија е клучен столб на стабилноста во регионот

Северна Македонија и Германија ја потврдија посветеноста на продлабочување на одбранбената соработка и зајакнување на партнерството во НАТО за време на посетата на началникот на германските вооружени сили, генерал Карстен Бројер.

На средбата со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова беше оценето дека македонско-германската соработка во рамките на Алијансата придонесува за регионалната стабилност и безбедност.

Според кабинетот на претседателката, Сиљановска-Давкова изјавила дека партнерството со Германија придонесува за изградба на отпорен, модерен и интероперабилен одбранбен систем и за натамошно јакнење на капацитетите на Армијата.

Германскиот генерал ја оцени македонската Армија како „кредибилен и доверлив сојузник“, нагласувајќи дека нејзините припадници рамноправно учествуваат во заедничките мисии, вежби и активности на НАТО.

На средбата било оценето и дека постои простор за натамошно продлабочување на економската, образовната и културната соработка меѓу двете земји, додека Сиљановска-Давкова ја истакнала улогата на македонската дијаспора во Германија како мост во билатералните односи и ја поздравила германската поддршка за реформите и инфраструктурните проекти во земјата.

Бројер се сретна и со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за одбрана Владо Мисајловски, при што разговараа за натамошно унапредување на билатералната одбранбена соработка, заедничките активности во НАТО и актуелните безбедносни предизвици во Европа.

Мицкоски соопшти дека двете страни ја потврдиле определбата за размена на искуства, развој на воените капацитети и продлабочување на партнерството со цел зајакнување на регионалната и евроатлантската безбедност.

На заедничката прес-конференција со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, Бројер порача дека Северна Македонија има значајна улога во зачувувањето на стабилноста на Западен Балкан и дека неговата посета има цел дополнително да ја унапреди долгогодишната соработка меѓу двете армии.

Related posts

ЕУ удри со санкции: Разоткриени две „сенки“ на руската пропаганда

admin

Сиљановска и Вучиќ го одбележаа 2 Август во „Прохор Пчински“

admin

Средба Путин-Ердоган, ќе има ли договор?

admin

Протести во Скопје, синдикатот бара 30.000 денари

admin

ВИДЕО | ВМРО-ДПМНЕ обвини кандидати на СДСМ за напад врз странци во Струмица

admin

Несогласувања во ВЛЕН, Таравари не ги негира амбициите за локалните избори

admin