8.8 C
Скопје
2 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Меџити ја повика ДУИ: Оставете ги инаетите и гласајте за албанските интереси

Еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, ја повика албанската опозиција да ги поддржи предложените закони за правична и соодветна застапеност и за полагање на правосудниот испит на албански јазик.

Меџити изјави дека двата законски предлога веќе ги поминале сите владини процедури, како и оценката на Венецијанската комисија, и оцени дека нивното усвојување е во интерес на Албанците.

„ВЛЕН ги помина сите филтри, и во Владата и во Венецијанската комисија. Ја повикувам албанската опозиција, која 22 години не ги реши овие прашања, сега да биде конструктивна, да го надмине инаетот и да гласа за интересот на Албанците“, рече Меџити.

Тој додаде дека опозициските партии можат да предлагаат дополнителни подобрувања кога ќе бидат на власт, но сега треба да ги поддржат решенијата што се ставени на гласање.

„Можеби имаат и поголеми барања, но кога ќе им дојде редот повторно да владеат, можат да ги подобрат законите. Сега ги повикувам заеднички да ги изгласаме“, изјави Меџити.

Законот за правична и соодветна застапеност и законските измени со кои се овозможува полагање на правосудниот испит на албански јазик се меѓу законските решенија што Владата ги претставува како клучни за унапредување на правата на заедниците, додека дел од опозицијата најавува дека ќе ги анализира нивните конечни текстови пред да одлучи дали ќе ги поддржи.

Related posts

АНГЕЛА АГЕЛЕР ЗА „ЦРНИТЕ ЛИСТИ“: САД знаат дека тие лица биле вмешани во коруптивни активности

admin

Шефот на МИ5: Русија е „агресор број еден“, Иран ги проширува операциите, расте домашниот екстремизам

admin

Британија размислува за сопствени нуклеарни ракети

admin

НАСА откри мистериозен сигнал од Сонцето што не престанувал 19 дена

admin

Ковачевски му нудел на Мицковски „пола-пола“: Тоа е најфер, братски

admin

САД разгледуваат воени засилувања на Блискиот Исток

admin