9.8 C
Скопје
31 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

По случајот „Марковски“ во фокусот и имотниот лист на судијата Вулнет Винца

Анкетниот лист на поранешниот претседател на Основниот суд Струга и судија во Основниот суд Охрид, Вулнет Винца, покажува дека во 2023 година до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) пријавил еден стан и едно моторно возило како личен имот.

Според јавно достапните податоци, Винца пријавил стан од 89 квадратни метри во Струга, проценет на 1,3 милиони денари, како и автомобил „Фолксваген Поло Класик“ од 1997 година, со пријавена вредност од 300.000 денари.

Во анкетниот лист не се наведени други недвижности, земјиште, деловен простор, удели во компании, хартии од вредност или други средства со поголема вредност.

Името на судијата Винца е во јавниот фокус поради одлуката на кривичниот совет со кој претседаваше да му го врати пасошот на бизнисменот Борче Марковски, по што обвинетиот ја напушти државата.

Судскиот совет денеска констатираше престанок на судиската функција на Винца поради исполнување на условите за старосна пензија, откако претходно го отфрли неговото барање за продолжување на мандатот бидејќи било поднесено по законскиот рок.

Самото постоење на ограничен имот во анкетниот лист не претставува доказ за законитост или незаконитост на имотната состојба. Анкетните листови служат за евидентирање на имотот што функционерите го пријавуваат до ДКСК, додека евентуалните проверки на точноста на податоците се во надлежност на институциите.

Според последната достапна пријава од 2023 година, вкупната вредност на имотот што Винца го пријавил изнесува околу 1,6 милиони денари, односно приближно 26.000 евра.

Related posts

Македонски функционери оддадоа почит на Гоце Делчев по повод 122 години од неговата смрт

admin

СЕ „КРЧКА“ ПРОШИРУВАЊЕТО НА ВЛАДИНОТО МНОЗИНСТВО

ninja

Нефју: Имаме веродостојни информации дека Мерко бил вмешан во голема корупција

admin

Трамп повторно ја разниша Алијансата: Европа бара спас без Америка

admin

Путин ја губи контролата врз Русија

admin

Етничките тензии и визниот режим ја тестираат социјалната стабилност на Црна Гора

admin