23.6 C
Скопје
29 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Фетаи ќе ја претставува Македонија во Брисел како специјален пратеник за ЕУ

Арбен Фетаи соопшти дека Владата на Северна Македонија го именувала за специјален пратеник за Европската унија со седиште во Брисел, со задача да придонесе за унапредување на евроинтегративниот процес на земјата.

Во објава на Фејсбук, Фетаи оцени дека назначувањето претставува „голема чест“, но и „уште поголема одговорност“.

„Задачата што ми е доверена е да се ангажирам за унапредување на процесот на европската интеграција на нашата држава, преку зајакнување на политичката поддршка во институциите и земјите членки на Европската унија, придонес во надминувањето на политичките и дипломатските предизвици и посилно присуство на гласот на Северна Македонија во Брисел и европските престолнини“, напиша Фетаи.

Тој наведе дека на новата функција доаѓа по долгогодишна кариера во Брисел и искуство стекнато во Владата, додавајќи дека останува посветен на европската перспектива на земјата.

„Оваа должност ја преземам со целосно уверување дека иднината на Северна Македонија е во Европската унија“, порача Фетаи.

Тој му се заблагодари на премиерот и на Владата за укажаната доверба.

„Патот кон Брисел продолжува – со решителност, партнерство и целосна верба во нашата европска иднина“, напиша Фетаи.

Related posts

ВРЕДИ со тешки обвинувања: Зошто Бујар Османи молчеше за Бањска?

admin

Пеколна спасувачка мисија во Иран: петмина загинати додека САД го извлекуваа соборениот пилот

admin

Следната недела ќе има нови цени на горивата

admin

Генералниот секретар на РСС Капетановиќ на Стратешкиот форум во Блед

admin

Изет Меџити за РСЕ: Ќе се војува против корупцијата

admin

Мерц: Самитот Путин–Зеленски нема да се одржи

admin