18.8 C
Скопје
12 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Груевски ослободен и во Апелација: Жалбата на Обвинителството падна во „Талир 2“

Апелацискиот суд Скопје ја потврди ослободителната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Талир 2“, откако ја одби како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје.

Одлуката е донесена на нејавна седница одржана на 26 август, по разгледување на списите во предметот и предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје, соопшти Апелацискиот суд.

Судот оценил дека дејствијата што му се ставаа на товар на Груевски, како одговорно лице во правното лице, биле во рамките на неговите овластувања и дека Обвинителството не докажало дека неговото постапување било спротивно на Законот за финансирање на политичките партии.

Апелација наведува дека обвинителството не успеало да докаже надвор од разумно сомневање дека градежната компанија „Бетон“, во моментот на склучување на договорите со политичката партија, имала статус на субјект што вршел јавни услуги.

Поради тоа, според судот, не постоела законска забрана компанијата да донира средства на политичката партија, ниту обврска Груевски како одговорно лице во партијата да ги врати тие средства.

Со ова Апелација ја потврди пресудата на Основниот кривичен суд Скопје од 14 јули годинава, со која Груевски беше ослободен од обвинението во случајот „Талир 2“.

Предметот се однесуваше на наводно пречекорување на службените овластувања и противправно финансирање на изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Апелацискиот суд најави дека целосната одлука дополнително ќе биде објавена на неговата интернет-страница во согласност со законските правила за објавување судски одлуки.

Related posts

Столтенберг: Најбрз начин да се стави крај на војната во Украина е да се загуби, но нема да донесе мир

admin

Северна Македонија со најслаб економски раст во Западен Балкан

admin

Цените на јајцата се стабилизираат – поевтинување како реакција на пазарот, а не владина мерка

admin

КОЛКУ СЕ ЛОШИ РАБОТИТЕ МЕЃУ РУСИЈА И САД?

ninja

Вториот круг како трето полувреме за Ахмети

admin

ВИ влегува во универзитетските клупи: УЈИЕ поставува академски рамки за новата технологија

admin