30.8 C
Скопје
13 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски за Охридскиот договор: Време е политиката помалку да се занимава со тоа што нè разделува

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Охридскиот рамковен договор е дел од поновата историја и политичката и институционалната реалност на Северна Македонија, повикувајќи на неговата 25-годишнина фокусот да се префрли од етничките поделби кон функционални институции, економски развој и еднаквост пред законот.

„Важно е на овој документ да гледаме со зрелост, со почит кон различните ставови што постојат во општеството и, пред сè, со одговорност кон иднината“, рече Мицкоски во пораката по повод годишнината од потпишувањето на договорот.

Охридскиот рамковен договор беше потпишан на 13 август 2001 година, по повеќемесечниот вооружен конфликт, и донесе уставни и законски промени насочени кон правата и застапеноста на етничките заедници и децентрализацијата.

Мицкоски рече дека е свесен оти договорот различно се доживува и толкува меѓу граѓаните и оцени дека историјата не треба да се приспособува на дневнополитичките потреби.

„Не треба да очекуваме сите да имаат ист однос кон настаните од минатото. Но, наша обврска е од минатото да извлекуваме поуки и да градиме држава во која различностите нема да бидат причина за поделби“, рече тој.

Според премиерот, повеќе од две децении по договорот, приоритетите на новите генерации се функционални институции, еднаквост пред законите, подобро образование и здравство, повисок животен стандард, економски развој и можности младите да ја градат иднината во земјата.

Тој повика политиката помалку да се занимава со прашањата што ги делат граѓаните, а повеќе со заедничките проблеми.

„На Македонија ѝ е потребно општество во кое вредноста на човекот нема да се мери според неговото потекло, туку според неговото знаење, труд, чесност и придонес кон заедницата“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека напредувањето во институциите треба да зависи од способноста и резултатите и дека државата треба да изгради заедничко чувство на припадност и одговорност.

„Минатото не можеме да го промениме, но можеме да одлучиме каква иднина ќе изградиме“, рече Мицкоски, додавајќи дека таа треба да биде ослободена од етнички тензии, политички манипулации и поделби.

„Држава во која различностите ќе се почитуваат, но заедничката иднина ќе биде посилна од сè што нè дели“, порача премиерот.

Related posts

Втора оставка за помалку од една година: Што се случува зад вратите на Уставниот суд?

admin

Над 400 македонски државјани побарале информации за евакуација од Блискиот Исток

admin

Незири: ДУИ жестоко ќе делува, но нема да предизвика дестабилизација!

admin

ЧАДИКОВСКИ РЕИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗНМ

ninja

” Кој е следен?” најавува протести во Скопје

admin

Над 40 автошколи за картелско договарање на цените на обуките

admin