9.8 C
Скопје
16 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

8,2 милиони евра во центарот на политичката битка: ВЛЕН и ДУИ се судрија за случајот „Државна лотарија“

Владејачката коалиција ВЛЕН ја обвини ДУИ за лицемерие по нејзиното барање за меѓународен надзор врз судскиот процес за случајот „Државна лотарија“, во кој поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и уште седум лица се обвинети за злоупотреби со проценета штета од околу 8,2 милиони евра.

Реакцијата следува откако ДУИ го оцени обвинението како политички мотивирано и побара транспарентна постапка и меѓународен надзор.

„Симптоматично е што на ДУИ ѝ е срам да го спомене по име Артан Груби, иако нивната реакција директно се однесува на случајот за кој тој е обвинет“, соопшти ВЛЕН.

Од коалицијата прашаа зошто ДУИ, според нив, молчела речиси две години, а реагирала на денот на поднесувањето на обвинението.

„Правда ќе има за сите. И за оние кои две децении ја злоупотребуваа власта и државните функции за да си ги полнат сопствените џебови“, наведува ВЛЕН.

Коалицијата се повика и на претходните американски оценки за проблемот со корупцијата во земјата и порача дека законот мора да важи еднакво за сите.

„ДУИ треба да разбере едно: законот не признава партиски фотелји, привилегии и политички штитови. Правдата ќе биде еднаква за сите“, се наведува во соопштението.

Основното јавно обвинителство Скопје претходно во четвртокот поднесе обвинение против осум лица во предметот поврзан со Државната лотарија, меѓу кои Груби и поранешниот директор на компанијата Перпарим Бајрами.

Според обвинителството, осомничените во текот на 2023 и 2024 година преземале дејствија со кои биле пречекорени службените овластувања, при што на Државната лотарија наводно ѝ била причинета штета од 507,6 милиони денари, или околу 8,2 милиони евра.

ДУИ претходно оцени дека станува збор за „политичко обвинение за колективна одлука“ и побара постапката да биде целосно транспарентна и под меѓународен надзор.

Обвинувањата во обвинителниот акт допрва треба да бидат докажани во судска постапка.

Related posts

Нафтата над 100 долари: Хутите го стегаат Црвеното Море, светот стравува од нов ценовен шок

admin

Владата во пат-позиција: ВЛЕН притиска, Таравари не излегува, Мицкоски размислува

admin

Берзите растат, но Волстрит се плаши од едно прашање: Дали примирјето меѓу САД и Иран ќе преживее?

admin

Кинеската економија забележа најнизок раст во децении во 2025, извозот останува главен двигател

admin

Белата куќа ѝ нареди на војската фокус на „карантин“ на венецуелската нафта

admin

Американскиот генерал-мајор Најт го одликува Лафчиски со Медал за истакната служба

admin