7.8 C
Скопје
2 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Пред Денот на Армијата, Мисајловски со најава: Повисоки плати и подобри услови за војниците

Министерот за одбрана Владо Мисајловски најави повисоки плати и подобрување на условите за работа на припадниците на Армијата и вработените во одбраната, во пресрет на 18 Август – Денот на Армијата.

На свечен собир пред Министерството за одбрана и Генералштабот, Мисајловски рече дека институциите работат на подобрување на стандардот и соодветно вреднување на вработените во одбранбениот сектор.

На собирот се обрати и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Одбележувањето започна и со положување венци на партизанските гробишта. Владина делегација во состав на министрите Владо Мисајловски, Панче Тошковски и Ѓоко Велковски, заедно со претставници на Армијата, им оддаде почит на борците.

Централната свеченост по повод Денот на Армијата ќе се одржи на 18 август во Центарот за обука на вода – Билјанини Извори во Охрид.

Северна Македонија го одбележува 18 Август како Ден на Армијата, датум поврзан и со формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“ во 1943 година. По осамостојувањето, Армијата беше формирана во 1992 година, а земјата стана членка на НАТО во 2020 година.

 

Related posts

Алиу: Девет пациенти биле непотребно оперирани на срце

admin

Сиљановска: Договорот со Бугарија не предвидува промена на Уставот

admin

Гаши: Владата на Курти ќе биде соборена на есен

admin

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија кон изолација – ЕУ и НАТО се загрозени

admin

Кој добива министерска фотелја по реконструкцијата на Владата

admin

„Белата палата“ во центарот на нова бура: Ристоска обвинува, Мицкоски слави победа

admin