15.8 C
Скопје
22 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Драма до последниот глас во Исланд: 50,1% против, 49,9% за ЕУ

Фото: Ројтерс 

Референдумот во Исланд за обновување на преговорите за членство во Европската Унија влезе во неизвесна завршница, откако првичните резултати покажаа речиси совршена поделба меѓу поддржувачите и противниците на европската интеграција.

По преброени 153.197 гласа од околу 270.000 граѓани со право на глас, 50,1 отсто гласале против предлогот на Владата, а 49,9 отсто го поддржале, објави јавниот сервис RÚV. Разликата во тој момент изнесувала само 435 гласа.

На гласачкото ливче граѓаните одговараа на прашањето: „Дали Исланд треба да ги продолжи пристапните преговори со Европската Унија?“

Резултатот сè уште е премногу тесен за да може да се прогласи победник.

Референдумот не значи автоматско членство

Победа на опцијата „да“ не би значела дека Исланд веднаш станува членка на ЕУ. Таа би ѝ дала зелено светло на Владата да ги обнови преговорите со Брисел.

Доколку тие завршат со договор за пристапување, конечната одлука за членството повторно би требало да биде ставена на референдум.

Победа на опцијата „не“, од друга страна, не ја исклучува можноста прашањето повторно да биде отворено во иднина.

Владата на премиерката Криструн Фростадотир првично вети референдум до 2027 година, но гласањето беше забрзано поради зголемените меѓународни тензии, меѓу кои и изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за Гренланд.

Рибата поважна тема од геополитиката

И покрај променетата безбедносна ситуација во Европа, кампањата во земјата со речиси 400.000 жители во голема мера се водеше околу едно домашно прашање – рибарството.

Рибата и поморската индустрија учествуваат со речиси 40 отсто во исландскиот извоз.

Дел од противниците на членството стравуваат дека влегувањето во ЕУ би значело губење дел од националната контрола врз богатите риболовни подрачја поради заедничката европска политика за рибарство.

Исланд веќе е дел од единствениот европски пазар преку Европската економска област и е членка на Шенген. Полноправното членство би значело и влез во царинската унија, а во подолг рок и прифаќање на еврото.

Преговорите беа замрзнати во 2013 година

Исланд поднесе барање за членство во ЕУ во 2009 година, по глобалната финансиска криза и колапсот на домашниот банкарски систем.

Преговорите веќе беа значително напреднати кога во 2013 година на власт дојде евроскептична влада и процесот беше ставен во мирување.

Рибарските права беа едно од најтешките прашања тогаш, а останаа во центарот на дебатата и на сегашниот референдум.

Безбедноста, сепак, добива сè поголема тежина. Исланд е основачка членка на НАТО, но нема сопствена армија и за одбраната се потпира на сојузниците. Земјата ја поддржува Украина, додека зголемените руски поморски активности во близина на островот и американските претензии кон Гренланд ја засилија дебатата за нејзината геополитичка позиција.

 

Related posts

РУСКИ РАКЕТИ ПОГОДИЈА ЦЕЛИ ВО ПОЛСКА, ДВЕ ЖРТВИ

ninja

Трагедија во семејството на Синди Крафорд: Нејзиниот син Пресли почина на само 27 години

admin

Ахмети над законот- кажува што не може да прави Уставен суд

admin

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БУГАРСКИ КЛУБ НА СУД ПОРАДИ РАСИЗАМ

ninja

ТС тврди дека ги има резултатите од најновата анкета на ИРИ – ЕФ далеку пред ВЛЕН

admin

Зошто големите корупциски случаи остануваат без судски епилог?

admin